20:16 - 4 ноември, 2026

(Фото) Празнична магија: Хрватската пејачка Маја Шупут објави божиќни фотографии со синчето Блум

Хрватската пејачка Мaja Шупут и овие празници успеа да разнежни илјадници следбеници. На својот Инстаграм-профил таа сподели серија фотографии со синчето Блум, кои зрачат со топлина, смеа и вистинска празнична магија.

Маја и Блум позираат во усогласени божиќни пижами, опкружени со празнични украси и раскошна новогодишна елка, а секој кадар изгледа како сцена од најубавата божиќна разгледница.

Покрај фотографиите, пејачката сподели и емотивна порака која совршено ја доловува атмосферата: „Бадник ееее! Смеата е погласна, прегратките траат подолго, а срцето некако е помирно. Во овие мали моменти, во искрената смеа и блискоста, сфаќаш дека тоа е сè што треба. Љубов. Заедништво. Дом“.

Фото: Инстаграм/Маја Шупут

Објавата, очекувано, предизвика лавина позитивни коментари и убави празнични желби од нејзините следбеници.

Малиот Блум веќе е вистинска ѕвезда на социјалните мрежи благодарение на честите и искрени моменти што Маја ги споделува од нивното секојдневие. Освен што ужива во семејната идила и празничната атмосфера дома, Блум ѝ беше и голема поддршка на мајка си во финалето на „Суперталент“, со што уште еднаш го потврди статусот на нејзин најслаток придружник.

Оваа топла семејна приказна доаѓа во период на исклучително динамична година за популарната пејачка. Оваа 2025 година ѝ донесе големи животни промени, меѓу кои и разводот од Ненад Татаринов на почетокот на јуни. Сепак, Маја повторно ја пронајде среќата покрај моделот и ријалити-ѕвезда Шиме Елез, со кого неодамна уживаше на луксузно патување во Дубаи.

Слични објави

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо

„Не јадам повеќе од порано, а се дебелеам“ – кога сопственото тело ќе престане да нè слуша

Еспресо

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.
Се вчитува....