04:52 - 17 ноември, 2026

Хелена Роза ужива во Нов Зеланд: Семејна идила пред Нова година

Семејна слика со своите најмили објави поранешната водителка Хелена Роза од Нов Зеланд во новогодишно издание.

Семејството е сликано во летна облека со Дедо Мраз, затоа што во Нов Зеланд сега е лето. На сликата се Хелена, нејзиниот сопруг Игор и синот Тиан. Хелена од првиот брак ја има и ќерката Кјара која е возрасна и не е на сликата.

Фото / Инстаграм

Неодамна, убави новости беа објавени на социјалните мрежи токму за Кјара Гоља. Имено, таа станала адвокат по стапките на татко ѝ, Арен Гоља, а убавата новост ја објави нејзината баба, Роза Катиновска, мајката на Хелена.

Фото / Фејсбук

-Мојата адвокатка. И оваа радост ја доживеав–напишала на фејсбук гордата баба. Инаку, Хелена Роза, која десет години живее во Нов Зеланд, се кандидираше за градоначалничка на општината Норт Шор, која е дел од градот Окленд.

Таа е членка на десничарската конзервативно-либерална парија АКТ, чиј лидер е вицепремиерот на Нов Зеланд, Дејвид Сејмур.

 

Слични објави

(Видео) Се огласи соседката чиј автомобил изгоре покрај џипот на Александра Пријовиќ: „Бесна сум како рис, немам никаква врска со ова“

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ објави емотивна порака за роденденот на Немања: „Бог знаеше дека заедно ќе ја доживееме најголемата љубов“

Еспресо

(Фото) Стаклен ѕид ја поврзува спалната соба со бањата: Огњен Амиџиќ вложил 100.000 евра во реновирање, а Мина добила гардеробер од соништата

Еспресо

(Видео) „Ти благодарам брату по Христа“ — Никола Роквиќ му оддаде почит на Тоше Проески во Крушево

К.С.

Ѓина Џиновиќ го покажа својот нов дом: вилата во Сењак ја замени со стан во Шпанија

Еспресо

„Мислев дека е обичен плускавец, а завршив на операција и ми ампутираа два прста“: Игор Филевски – Филе ја раскажа здравствената драма низ која поминал

Еспресо
Се вчитува....