19:01 - 4 ноември, 2026

Мајка му не јадела за да има за него и за сестра му: Познатиот битолски актер ја отвори душата

Познатиот битолски комичар сe отвори за тешкото и детство кое го имал, и искрено раскажа за времето кога неговите родители немале многу пари, дури ни за основни потреби.

-Ќе земевме сендвичи, вели: „За тебе и за сестра ти“. И се вртиш и велиш: „А ти мамо, зошто не јадеш?“ Вели: „Не, не ми се јаде мене“. Сега од оваа дистанца сфаќам кој анпор го правеле да се менаџираме со финансии, а притоа ние да имаме слободно, безгрижно и убаво детство- рече во емисијата „Животна приказна“ комичарот Марјан Ѓорѓиевски. 

Фото / Инстаграм

Тој е популарен кај публиката од цела Македонија, дипломиран актер е, магистар по театарска режија, стендап комичар, студент по Психологија.

Инаку, тој е вработен како актер во Народниот театар  во Битола и редовно игра во претставите на репертоарот. Глумеше во Тв серијата „Тврдокорни“ (Сава Михајлов) и филмовите „Балканот не е мртов“ (Келнер) и „До балчак“ (Брат).

Активно се занимава со стендап комедија и имал повеќе од 700 настапи низ Македонија).Пишува сценарија за Тв емисии, претстави и книгата „Јас и ти“ во 2020 година.

 

Слични објави

„Само што излезе од болница, раната му прокрвави, а тој испи два литра вино“: Колегата на Тома Здравковиќ проговори за последните денови на пејачот

E.A.

(Фото) Спомени од Тоше Проески во Риека — досега ретко видени фотографии откриваат како ги поминувал деновите во хрватскиот град

К.С.

Милиќ Вукашиновиќ за загубата на ќерката и ампутацијата: „Секогаш кога ќе заѕвонеше телефонот, бев подготвен за најлошото“

E.A.

Четири хороскопски знаци ги очекува тешка 2027 година — ќе мора да донесат важни животни одлуки

К.С.

(Фото) Катиа Донева ќе ја претставува Македонија на Мис Универзум 2026 — македонската Барби ќе блесне на светската сцена

К.С.

Миша Гроф ги демантира обвинувањата на Николина Пишек: „Видое не ја тепаше, по пет години зборува така поради новиот вереник“

E.A.
Се вчитува....