17.8 C
Скопје
16:46 - 18 октомври, 2026

(Фото) Познато е кој ќе ја замени Сања Кужет: Згодната русокоса е новата водителка на „Ѕвездите на Гранд“

Откако се дозна дека Сања Кужет е бремена, и одлучи да се повлече од телевизиските екрани, постојано се шпекулира кој ќе го заземе местото и ќе биде новата водителка на „Ѕвездите на Гранд“.

Како што пренесува „Свет“, наводно на нејзиното место ќе дојде веќе популарната водителка Бојана Лазиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana B Lazic (@bojanalazic00)

Бојана со години е препознатливо ТВ лице, а стана позната откако почна да ја води емисијата „Премиера“ на ТВ Пинк.

– Кога таа му ја соопшти на Саша Поповиќ радосната вест, тој веднаш почна да размислува кој би можел да ја замени Сања. Бојана работеше за Саша во Гранд и тој е презадоволен од неа, па сега се шпекулира дека преговара со неа за нов ангажман. Се’ уште се чува во строга тајност, но таа има најголема шанса да ја замени Сања – изјави за „Свет“ извор близок до Поповиќ.

Во оваа прилика се огласи и Бојана, која не ги демантираше овие наводи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bojana B Lazic (@bojanalazic00)

– Емисијата „Премиер викенд специјал“ и „Ѕвезде Гранда“ се на иста телевизија, па би била добитна комбинација. Ќе видиме – кратко изјави Бојана за „Република“.

Да потсетиме, Сања Кужет од првиот брак го има синот Андрија (14), а пред шест години со сегашниот сопруг го доби и синот Страхиња. Сега многумина беа изненадени од нејзината бременост, со оглед на тоа што Сања има 40 години, но водителката сакаше да му роди уште едно дете на сопругот.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....