17.8 C
Скопје
16:45 - 18 октомври, 2026

Сораја за 10 дена потрошила 100.000 евра: Атрактивната бринета не штедела за првиот одмор со синот во Дубаи

Старлетата Сораја Вучелиќ за десет дена потрошила дури 100.000 евра за првиот одмор заедно со синот Кан. Како што пренесуваат извори блиски на Сораја за „Информер“, атрактивната бринета ужива во Дубаи, во претседателскиот апартман во еден од најскапите хотели.

– Сораја потроши дури 100.000 евра за одмор во Дубаи! Се одлучи за луксузниот хотел „Атлантис Ројал“, каде го резервирашe претседателскиот апартман. Тоа е нејзино прво заедничко патување со синот, па не зажали за парите – вели извор близок на Вучелиќ.

Изворот додава дека Сораја штом се пријавила во хотелот се упатила кон трговскиот центар за да се почести себеси и нејзиниот наследник со најновите брендирани артикли.

– Таа беше во трговски центар во близина на Бурџ Калифа. Сораја често доаѓа овде, па брзо ги пронајде своите омилени продавници, каде што купуваше модни парчиња од Луј Витон за себе и за својот син. Уште кога се роди Кан, Сораја му ја купува само најскапата гардероба и се труди двајцата да бидат исто облечени! – вели изворот.

Тој открил и каде отишле и на што уште потрошиле пари мајката и синот.

– Таа го однесе Кан во најголемиот аквариум, кој содржи повеќе од 33.000 видови на морски животни. Кан беше воодушевен, таму поминаа цели три часа. Секојдневно одат на плажата Бурџ ел Араб и често појадуваат на Бурџ Калифа за да уживаат во неверојатната глетка. – додаде тој.

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо
Се вчитува....