15:20 - 7 ноември, 2026

(ФОТО) МОДНА КАТАСТРОФА ИЛИ ПОГОДОК: Новиот пар Канје Вест и Џулија Фокс на црвениот тепих на Модната недела во Париз во усогласен тексас изглед

Канје Вест и Џулија Фокс јавно се појавија како пар на црвениот тепих на Модната недела во Париз со договорен изглед – двајцата облечени во тексас комбинација.

Официјално е: Канје Вест (44) и Џулија Фокс (31) поминаа на црвениот тепих заедно како пар, за првпат. Со усогласен тексас изглед, двајцата присуствуваа на ревијата на Кензо за есен/зима 2022/2023 година, како дел од Париската модна недела. Првото официјално јавно појавување на парот буквално ги полуде фановите, кои не се воздржаа да ја коментираат новата американска двојка.

ЕВЕ КАКО КАНЈЕ ВЕСТ ИМ ГО МЕНУВА СТИЛОТ НА ЖЕНИТЕ: Џулија Фокс е само една од жртвите на бизарноста, ако не се облечете по негово – нема излегување од дома!

Раперот Канје Вест и актерката Џулија Фокс почнаа да се забавуваат на почетокот на овој месец откако двајцата ставија крај на нивните претходни љубови, Ким Кардашијан и Питер Артемиев.

Она што најмногу ги испровоцира фановите при нивното прво заедничко појавување во јавноста е усогласениот тексас изглед. Џулија Фокс носеше кратка тексас јакна, со конусен градник инспириран од корсетот на Жан Пол Готје што го носеше Мадона во 1991 година, во комбинација со  фармерки со низок струк. Изгледот го комплетираше со црни ракавици и чанта. За да одговара на нејзиниот изглед, Вест носеше тексас јакна и фармерки, и подеднакво црни кожени ракавици. Фокс пак, имаше и нагласена црна шминка на очите.

Коментарите се сепак поделиени, што мислите вие?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Слични објави

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.
Се вчитува....