10:35 - 7 ноември, 2026

(Фото) Кортни Кардашијан сподели фотографии од бременоста: Горда на заоблениот стомак

Кортни Кардашијан ги објави првите фотографии со заоблен стомак.

Кортни Кардашијан, која неодамна објави дека е бремена по четврти пат, ги сподели со следбениците на Инстаграм првите фотографии со заоблен стомак.

На фотографиите, 44-годишната Кортни Кардашијан позира со нејзиниот сопруг, тапанарот на „Blink-182“, Тревис Баркер.

На првата фотографија 47-годишниот музичар глуми дека свири на тапани на стомакот на својата бремена сопруга, а на втората и го бакнува стомакот.

„Преплавена со благодарност и радост за Божјиот благослов и план“, напиша Кортни во описот на фотографиите.

Кортни Кардашијан и Тревис Баркер се венчаа во пролетта 2022 година. За Кардашијан овој брак беше втор. Од 2006 до 2015 година беше во врска со бизнисменот Скот Дисик, врка во која роди три деца – 13-годишниот син Мејсон, 10-годишната ќерка Пенелопе и 8-годишниот син Рајн. Тревис Баркер има две возрасни деца со актерката Шана Муклер, 19-годишниот син Лендон и 17-годишната ќерка Алабама.

Слични објави

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....