6.8 C
Скопје
00:46 - 19 октомври, 2026

(Фото) Јакната која Панчо ја носел на настапите има важна симболика

Јакната која Панчо од „ДНК“ ја носел на неговите настапи има важна симболика. Фотографот Стефан Рајхл објавил фотографија од него со јакната што ја носел на негов концерт.

Стефан Рајхл ги има фотографирано повеќето македонски музички ѕвезди, но и странски кога ќе дојдат на концерти на нас.

Токму тој, споделил негова фотографија од Панчо на која пишува: „Легендите никогаш не умираат 1978-2020“.  Написот на јакната е посветен на легендарниот кошаркар Коби Брајант кој загина на 26 јануари во 2020 година во хилихоптерска несреќа.

Токму кога почина Коби Брајант, Панчо на социјалните мрежи објави статус кој му го посвети:

– Колку и да го „убивал“ твојот сакан НБА тим потајно ни бил симпатичен на сите. Поентата на овој статус ми е тотално друга. Вчера се запрашав, а верувам и сите вие, зошто треба да се случи некоја голема трагедија за сите да нè спои?

Зошто треба да се случи нешто вакво за да сфатиме дека денес сме тука, утре веќе не сме? Зошто да се мразиме едни со други? Зошто да не дадеме поддршка и кажеме: БРАВО, ФАЛА, ИЗВИНИ, ТЕ САКАМ на сите оние за кои стварно тоа го мислиме, а не го кажуваме од пуста суета или љубомора?

Претходно, фотографот Рајхл сподели негова фотографија од концерт на „ДНК“ во полната сала „Борис Трајковски“ во Скопје.

Фото/ Стефан Рајхл
Фото/ Стефан Рајхл

Слични објави

(Видео) Марија Шерифовиќ извади паштета среде ресторан во Бали и ја изеде за секунда – сите останаа во целосен шок

Еспресо

Тајната на најголемиот хит на Џеј исплива по 30 години: Песната „Од љубов до омраза“ била наменета за Цеца

apostolova

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо
Се вчитува....