21:26 - 9 ноември, 2026

(Фото) Џенифер Лопез и Бен Афлек конечно купија дом, со 12 спални соби и 24 бањи во Беверли Хилс: Еве ја и ексклузивната цена

Џенифер Лопез и Бен Афлек купија дом во Беверли Хилс по речиси една година потрага по совршен дом, пишува TMZ.

Според ТМЗ, парот платил 60,85 милиони долари во готово за замок со површина од 4,3 илјади квадратни метри. Договорот траел една недела и конечно се завршил. За куќата, парот платил речиси 15 милиони долари помалку од бараната цена од 75 милиони долари.

Куќата првпат беше ставена на продажба во 2018 година за 135 милиони долари, но оваа година цената е намалена за речиси половина.

Домот, познат како „Волингфорд Манор“, се наоѓа на гребен од 2 хектари и може да се пофали со 12 спални соби и 24 бањи. На огласот за продажба било наведено дека замокот е „неодамна реконструиран и проширен“.

На територијата на куќата има затворен спортски комплекс со теретана, игралиште за кошарка и боксерски ринг, пентхаус за гости од 465 м2, базен со поглед на околината…

Дополнителните погодности на замокот вклучуваат салон за коса и нокти, домашно кино, винарска визба, како и сауна и простории за масажа.

Лопез и Афлек веќе преселиле многу мебел во новата куќа.

 

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....