8.8 C
Скопје
03:52 - 29 април, 2024

(Фото) Тина Тарнер не ги запознала внуците и правнуците: Испливаа нови фотографии и сомнежи дека ги „криела“

Тина Тарнер почина минатата недела на 83-годишна возраст. Значајни личности како Опра Винфри и кралот Чарлс ѝ оддадоа почит на славната пејачка, додека Бијонсе дури и на сцената го изведе популарниот хит „River Deep, Mountain High“. Сепак, смртта на легендарната пејачка врати стари рани на нејзиното семејство – рани кои очајнички се обидуваа да ги залечат.

Иако самата Тина ја претрпе трагичната загуба на нејзините биолошки синови, Крег Тарнер и Рони Тарнер, пред нејзината сопствена смрт, нејзините посвоени синови, Ајк Тарнер Џуниор и Мајкл Тарнер, сè уште се живи.

Понатаму, Тина зад себе остави две внуци и пет правнуци, од кои повеќето никогаш немала можност да ги запознае.

Нејзиното семејство моментално е во шок поради нејзината ненадејна смрт, бидејќи многумина не беа свесни за сериозноста на нејзината болест. Извори од семејството изјавија за Page Six дека Твана Тарнер, ќерката на првиот сопруг на Тина, Ајк Тарнер, изразила потреба за исцелување.

„Време е да оздравиме… семејството навистина сака и треба да заздрави, тие поминаа низ толку многу болки, и продолжуваат да минуваат низ толку многу нови болки“, вели изворот за Пејџ сикс.

Иако се уште не е погребана, веќе се знае дека наследството ќе припадне на нејзиниот сопруг со оглед на тоа дека двата биолошки синови ѝ се починати. Се спомнува и снаата, бидејќи покојниот син на пејачката беше прв во редот за наследство, но таа наводно одбила да земе пари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afida Turner (@afida_turner)

Сега пак, актуелно е прашањето дали внуците на Тина Тарнер ќе добијат воопшто нешто. Имено, целата приказна околу внуците е мистерија. Најпрво се зборуваше дека не постојат, но на социјалните мрежи осамнуваат фотографии кои не само што потврдуваат дека постојат туку и тоа дека пејачката не ги ни запознала.

“Distractify” тврди дека Тина била баба на два внука и на пет правнуци. Сега се смета дека внуците и правнуците намерно се „криеле“ за сопругот на Тина да наследи се, а се појавуваат и вести дека токму со сопругот (кој ѝ донирал бубрег за да преживее) на крајот на животот не била во добри односи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Afida Turner (@afida_turner)

Тина едвај ги познавала децата на нејзиниот син Рони – Ракел и Ранди, ниту пак некогаш ги запознала момчињата на Ракел, Тајсон и Тајриз.

И Ракел и Ранди се мачеле во животот и сè уште се обидуваат да се помират со загубата на нивниот татко, според Page Six. Сепак, Ракел – се вели – дека има прекрасен глас, исто како и нејзината сега почината баба.

Додека Крег и Ајк Џуниор никогаш немале деца, Мајкл ја има ќерката Тифани Тарнер-Џукс. Тифани има три деца: ќерката Марли и синовите Амари и Џани.

Тифани Тарнер со ќерката Марли, принтскрин

Тифани основаше непрофитна организација за борба против злоставување, таа е и дизајнер на накит и застапник за деца со аутизам.

Таа е и музички продуцент, а претходно оваа година се отвори за своето комплицирано наследство, велејќи:

– Растењето во болно детство со позната крвна линија не е за слаби. Скршив многу генерациски клетви во текот на мојот живот досега и продолжувам да го правам тоа додека го пишувам ова.

Тифани Тарнер со децата

Ниту еден од трите правнуци на Тина не ја запознале рок ѕвездата, поточно нивната прабаба, но сите се музикални како нивните славни роднини.

Твана Тарнер, која разговарала за британски Page Six (ќерката на првиот маж на Тина, Ајк), рече дека семејството остана во шок по смртта на Тина по низата здравствени проблеми, вклучително и бубрежната болест: „Никој не се слушнал со Тина долго време, тоа се случи толку ненадејно“.

Спомнувањето на минатото било исклучително тешко за семејството, а внуката на Тина, Тифани (40) објави на социјалните мрежи по смртта на Тина:

„Почивај во мир… те чекаат чичко Крег и Рони“.

На лошите коментари кои ги добила, Тифани одговорила велејќи:

– Луѓето кои знаат само една страна од продадената приказна засекогаш ќе имаат само еден начин да видат на неа. Не е моја работа што мислите дека знаете… Не знаете ништо ако не сте моја крвна лоза.

Амари Тарнер (десно) е правнук на Тина, принтскрин

Потоа, додаде: „Најтешко е да се искочи на крај со познатите баби и дедовци како нивните. Исцелување и простување постојат. Но, за жал…во оваа игра тоа никогаш не е приказна која се продава и раскажува. Ако имате проблем со мојата крвна лоза и со презимето, престанете да ме следите во вистинскиот живот“.

Синот на Ракел, Тајсон Тарнер

 

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....