12:09 - 8 ноември, 2026

(Фото) Детали за стравичната смрт на Немања Вуковиќ: „Милион солзи а јас еден, додека ја прегрнувам темнината…“

Печајот и поранешен учесник во музичкиот натпревар „Ѕвезде Гранда“, Немања Вуковиќ (23) почина синоќа во ужасна несреќа кај Добановац, по сообраќајната несреќа која ја имал. Според очевидци, сообраќајката ја преживеал, излегол од автомобилот и тогаш бил прегазен од автобус, а починал на лице место.

Имено, како што открил изворот за српскиТелеграф, Немања изгубил контрола на возилот, веројатно поради крава која му се попречила на патот, и удрил во банкината. Зад него имало две возила и тие се судриле, но тој судир не е директно поврзан со несреќата на Немања. Младиот пејач излегол од автомобилот, за да види што се случило, а преку улицата на автопатот имало полицаец кој му кажал да остане со своето возило, сè додека не ја провери состојбата на возачот, кој се судрил само неколку моменти подоцна.

Иако бил предупреден од полицаецот да остане покрај возилото, Немања се затрчал кон другата страна на автопатот.

Потоа, во следниот момент, според изворот за Телеграф, претрчал преку улицата кога на него налетал автобус и го усмртил.

Инаку, според српските медиуми, несреќното момче на својот Инстаграм профил објавил непосредно пред смртта, односно пред самата несреќа, снимка.

инстаграм

Немања го слушал Џеј и песната „Животе жено без морала“. Стиховите како да ја предвиделе трагедијата: „Милион солзи, а ја еден, додека ја прегрнувам темнината, се прашувам дали животот за тоа е вреден…“ – вели извор за српски Информер.

инстаграм

Немања е од Фоча, се натпреварувал за Ѕвезде Гранда на 18 годишна возраст, а оттогаш кариерата му тргнала во нагорна насока.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....