28.8 C
Скопје
12:04 - 9 септември, 2026

Експерт со мислење за загинатата пејачка во Дубаи: „Другарките се клучни, зградите имаат посебен систем за заштита“

Експерт откри дека извештаите за смртта на младата Андријана Лазиќ се многу штури, па потенцираше што е пресудно во истрагата!

Регионот го потресе веста за трагичната смрт на младата пејачка Андријана Лазиќ, која од засега непознати околности падна од 24 кат во Дубаи и почина на лице место.

За овој настан зборуваа многумина, па Ратомир Антоновиќ, експерт за безбедност од Центарот за истрага и одбранбена безбедност „ДБА“ од Србија, за „Јутро са душом“ откри со какви информации располага, а го искажа и своето мислење од негова гледна точка и како всушност треба да се реши овој случај, пренсува српско Мондо.

„Навистина голема трагедија, големо сочувство до семејството и на сите кои ја познаваа дотичната девојка. Според мене, истрагата мора да биде насочена на самото случување во Дубаи. Гледаме дека таа е ведра и успешна девојка, со убава кариера на дипломиран правник, работничка во МУП на Република Србија“, вели Ратомир, а на констатацијата на репортерот дека семејството на пејачката е на убав глас, истакна дека станува збор за крајно коректна и угледна фамилија:

„Крајно коректна и угледна фамилија, и со тоа ова е уште поголема трагедија, зашто се работи за девојка која сигурно можела уште повеќе да даде и на својата земја и на регионот“, вели тој.

„Многу штуро е напишан извештајот, барем тоа таткото Небојша им го кажа на медиумите, каде пишува дека станува збор за несреќен случај без било какви детали и дека другарките кои биле со неа, во тој момент спиеле“, додаде репортерот.

„Јас посебно тука би отворил очи, зашто тоа е случај кој не можел да помине така незабележано. А уште повеќе со тоа што во Дубаи, самата таа архитектура и тие високи катови, на еден посебен начин се обезбедени. Таму има поинаков систем на заштита токму кај такви високи објекти. Сметам дека истрагата мора оттаму да тргне, но за жал, поради некој поранешни случаи, добивавме само штури извештаи и не постоеше волја на тие држави активно да се вклучат во пронаоѓање на вистината, па затоа истрагите беа затварани на еден лаконски начин. Стравувам дека тоа ќе биде крај и дека никогаш нема да се дознае вистината“, рече Ратомир и истакна дека изјавите на другарките во случајов се клучни.

„Мислам дека другарките се клучни, мораат да ги дадат најважните информации. Да се утврди што претходно правеле, со што се бавеле, на кој начин го поминале времето непосредно пред тој трагичен настан. Секој правник ви тргнал од тоа, да се испита непосредното опкружување. Ние мора да видиме што тие ќе ни кажат, зашто не е важно што се случило во самиот момент, многу е важно да се види што се случило непосредно пред тоа, значи да се утврдат потенцијално мотивите и причините кои би влијаеле на тој ненадеен настан“, истакна експертот, пренесува српско Мондо.

Слични објави

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.

„Сè поретко бевме интимни, дури и ѝ реков ‘Немој да барам нешто од страна““: По разводот му зеде 150.000 евра, локал и стан

E.A.

Природни решенија: Плакнете ја устата со овие состојки, го освежуваат здивот и ги смируваат воспаленија

Еспресо

(Видео) Ника брутално искрена за гримасите на Душко додека Јелена плачеше

E.A.

Дневен хороскоп за 9 септември: Очекувајте конкретни резултати за вашиот досегашен труд

apostolova

За само 5 секунди откријте дали и колку сте под стрес

Еспресо
Се вчитува....