14:25 - 11 ноември, 2026

Реља Поповиќ примен во болница: Српскиот рапер мора итно да се оперира

Реља Поповиќ се огласи преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и ги извести своите следбеници дека денеска има важна операција.

Имено, српскиот рапер се огласи од болница и откри дека денеска ќе му биде оперирана раката, па рече дека ќе ги контактира своите следбеници штом закрепне по процедурата.

– Животот е чудна работа, вашиот брат сега ќе ја оперира оваа рака. Така, за неколку часа, кога ќе си дојдам на себе, ќе се видиме да ја објавиме песната – рече Реља.

Инаку, Реља пред тоа им објасни на следбениците дека ова за него бил многу важен ден од друга причина.

– 19 јануари. Овој датум отсекогаш ми бил важен. Оваа година ви подарувам песна со најискрена емоција на денот кога до пред некоја година ќе ѝ честитав роденден на мајка ми – напиша утрово Реља Поповиќ преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Даниел Кајмакоски наполни две години, за роденденот си доби торта со Том и Џери

К.С.

(Фото) Стојне Николова во впечатлива бордо креација: Пејачката го покажа својот гламурозен изглед на „Роса фест“

Т.Ц.

(Фото) Проѕирна црна кошула и широка насмевка: Анастасија Ражнатовиќ направи пауза од мајчинството и излезе во Мадрид

Еспресо

Водителката Сања Савеска со ново видео повторно ја разгоре љубопитноста за својот љубовен живот: „Зошто сум сингл?“

Еспресо

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Јелена Карлеуша ја запознала мајката на 24 години помладиот партнер: „Поубава е од мене, вистински супермодел“

Еспресо
Се вчитува....