13:56 - 8 ноември, 2026

ЕД ШИРАН И ДУА ЛИПА СЕ ПОД ОБВИНЕНИЕ ЗА КРШЕЊЕ НА АВТОРСКИ ПРАВА: И двајцата музичари се борат да докажат дека нивните хитови не се плагијати!

Наградуваниот музичар беше тужен за неговиот голем хит „Shape Of You“. Сами Свич и неговиот музички продуцент тврдат дека ја копирал нивната песна „Oh Why“. Но, не само Ширан и Дуа Липа е обвинета за плагијат.

Популарниот музичар Ед Ширан веќе неколку години повеќе пати беше обвинет за плагијат, а сега повторно заврши на суд под обвинение дека наводно копирал друга песна за неговиот хит Shape of you (2017), без да назначи задолжителната заслуга на наводно вистинските автори. Конкретно, Shape of you наводно копирал некои делови од песната Oh Why (2015), напишана од Сами Чокри (познат како Сами Свич). Ширан досега го негираше тоа, изјавувајќи дека отсекогаш им оддавал должна заслуга на секој што придонел за неговите песни.

За да објасни дека станува збор само за сличен тоналитет, пред судиите Ширан запеал делови од песните Feeling Good на Нина Симон и No Diggity на „Блекстрит“ кои послужиле за илустрација дека воопшто не станува збор за копирање туку за вообичаена појава во поп музиката.

Сепак, за сега, авторските хонорари од хит песната на Ширан кои се во висина од околу 20 милиони фунти остануваат „замрзнати“.

И пејачката Дуа Липа се соочува со судска постапка откако извесна реге група и двајца композитори ја обвинија за плагијат на нејзиниот хит Levitating, песна која остана на врвот на топ-листата Billboard Hot 100 дури 68 недели.

Првата тужба поднесена против британската музичарка со косовско потекло доаѓа од бендот Artik Sound System, според кој песната е копија на нивната песна од 2017 година, Live your life. Во втората правна постапка пак, се појавуваат и композиторите Л. Расел Браун и Сенди Линзер, кои ја обвинуваат дека копирала две нивни песни, Wiggle and giggle all night и Don Diablo, од 1979 и 1980 година, за да го создаде хитот Levitating.

 

Слични објави

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо
Се вчитува....