17 C
Скопје
03:48 - 20 јуни, 2026

ПРИНЦЕЗАТА ШАРЛЕН ОД МОНАКО размислува за радикален потег: Дали некогаш ќе се врати во Монако?

Принцезата Шарлен од Монако сѐ уште се опоравува во клиника на непозната локација во Швајцарија, и според информациите што стигнуваат во јавноста, опоравувањето добро напредува. Сепак, кружат гласини дека по периодот во кој имала доста време да размисли, таа има намера да направи радикални промени во нејзиниот живот.

Изјавата на 63-годишниот принц Алберт за францускиот весник Nice Matin на многумина им даде причина за надеж.

„Принцезата Шарлен се чувствува многу подобро и се надевам дека наскоро ќе се врати во кнежевството“, рече принцот Алберт и неколку часа подоцна отпатува на непозната локација во Швајцарија за да ги договорат деталите околу враќањето со неговата сопруга.

Но, изгледа разговорот не течел според неговиот план. Принцезата Шарлен добро се опоравува, конечно добро спие и трезвено размислува, но, како што пишуваат некои медиуми, враќањето во Монако за неа не е опција. Нејзиниот сон е да живее мирен живот со седумгодишните близнаци Жак и Габриела далеку од ѕидовите на палатата.
За време на терапијата 44-годишната принцеза конечно имала прилика добро да размисли што сака во животот и да спознае некои работи.

„Таа сфати дека за неа воопшто не е добро да се врати во Монако“ – открива извор близок до принцезата. Наводно токму една од главните причини за нејзините проблеми со психичкото здравје е притисокот од јавноста што ѝ се наметнувал во Монако. Шарлен едноставно не се чувствува добро во палатата, ѝ недостасува Јужноафриканската република, а познато е и дека никогаш не се вклопи во високото друштво на Монако, вели изворот.

Затоа престојот во татковината, продолжен поради здравствени компликации, за неа е најдоброто можно решение, но она што најмногу ѝ недостасува се нејзините деца. Дури и сега, за време на престојот во клиниката таа ги видела само четири пати, за време на неколкучасовните посети со нивниот татко.

Отсуството на мајчинската фигура постојано се обидува да им го надомести нивната тетка, принцезата Каролин, но според мислењето на добро упатените, нејзините ставови се прилично конзервативни. Токму затоа Шарлен стравува дека ако не преземе ништо, нејзините близнаци ќе живеат во „златен кафез“. Кога дознала дека Каролин го преземала и нивното школување и дека децата се школуваат од дома, таа многу се налутила и се скарала со Алберт поради тоа.

Слични објави

„Кариерата ѝ назадуваше, тоа ѝ влијаеше на психата“ – другарот на Мина Костиќ откри што се случува со пејачката

E.A.

(Фото) Дани на две романтични патувања со сопругот — од дождливата Прага на море

Еспресо

(Фото) Српската џетсетерка на исто место со кралот Чарлс и кралицата Камила: На себе носи ѓердан од 12.000 евра

Еспресо

(Видео) „Михаела“, нова балада на Влатко и Златко Миладиновски, инспирирана од вистинска приказна

msp-admin

Маја Шупут откри дали новата песна е посветена на Шиме

Еспресо

Откриено колку пари се вложени во Јаков Јозиновиќ: Пејачот зема убава сума, а менаџерите „дебело“ заработуваат

Еспресо
Се вчитува....