23.8 C
Скопје
16:30 - 28 септември, 2026

Доналд Трамп доцнел на погребот на Ивана, еве зошто немало воопшто цвеќе

Трамп (со Меланија) доцнел на погребот на поранешната сопруга Ивана: ковчег во златна боја, но без цвеќе. 

Поранешниот претседател на САд и поранешен сопруг на починатата Ивана Трамп пред погребот за Њујорк Пост изјави: „Јас сум во Њујорк, се одморив некое време. Малку сон. Но, тажен сум“.

Доналд Трамп пристигнал на погребот на поранешната сопруга Ивана со десет минути задоцнување, откако ковчегот веќе влегувал во црквата. Децата на починатиот веќе стоеле со семејствата и трпеливо чекаа луѓето од погребалното да го кренат златниот ковчег од возилото и да го однесат во црква. Погребот се одржа вчера во Њујорк.

Кога ковчегот со починатата Ивана Трамп веќе стигнал до црквата, Доналд сè уште не бил таму. Поранешниот претседател пристигнал со задоцнување во придружба на Меланија.

Така, тој влегол, следен од неговите деца Иванка, Доналд Трамп Јуниор и Ерик. Присутни биле и втората сопруга на Трамп Марла и нивната ќерка Тифани.

Семејството избра ковчег во златна боја за Ивана и ги замоли присутните наместо цвеќе да донираат во хуманитарната организација за животни Big Dog Ranch Rescue, пренесува „ил месаџеро“.

За време на церемонијата, децата на Ивана (Ерик, Доналд Џуниор и Иванка) одржаа говор.

„Растејќи, мајка ми не ми рече дека жената може да прави што сака, таа ми го покажа тоа“, рече Иванка. Потоа продолжи: „Таа беше пионер и за мажите и за жените. Мајка ми еднаш ми рече дека нема ништо што не може да прави со штикли. Таа нè научи како да ја размножуваме рибата и потоа да го готвиме уловот. Мајка ми ни го прошири умот“.

И нејзиниот син Ерик со задоволство се сеќаваше на мајка си: „Таа беше убава. Таа беше олицетворение на американскиот сон… Таа беше сила на природата“.

(Фото) Доналд Трамп со децата и со Меланија на погребот на Ивана во Њујорк; златен ковчег за поранешната манекенка и бизнисменка

 

 

Слични објави

(Видео) Карлеуша и нејзините ќерки се иселуваат од вилата – Ника се огласи доцна во ноќта

Еспресо

(Фото) Мина Блажев во кратко бело фустанче ја прослави веридбата — го покажа и вереничкиот прстен

Еспресо

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.
Се вчитува....