20:10 - 27 ноември, 2026

Вкусни, одлични, крцкави печени компири со лук и рузмарин

Печените компири се одличен прилог за месните јадења или оние од риба, а со лесна салата може да се претворат и во главно јадење на кое никој нема да може да одолее!

Ова е традиционален шпански рецепт за двослојна термичка обработка на компирот. За неговата подготовка, најдобро е да користите компир кој е богат со скроб, како што е стариот компир, бидејќи истиот нуди најбогат вкус.

Потребни состојки (за 4 до 6 лица):

– 1,5 кг. компири
– 50 гр. свеж рузмарин
– 2 поголеми главици лук
– 70 мл. маслиново масло
– 2 лажички путер
– 1 помал лимон
– сол и црн бибер

Подготовка:

Исчистете и излупете ги компирите. Потоа, исецкајте ги на коцки со еднаква големина и ставете ги во голем лонец со студена вода.

Добро посолете и поставете го лонецот на висока температура. Варете ги околу 20 до 25 минути, додека компирите не омекнат.

Во мал сад, измешајте ги исецканиот лук и рузмарин.

Исцедете ја водата од варениот компир и исушете ги.

Земете тава за печење во која ќе додатете маслиново масло. Додајте ги компирите и печете околу пет минути додека кората не стане златна и крцкава.

Потоа, извадете ја тавата од рерна, додајте ја комбинацијата од лук и рузмарин, добро промешајте, а потоа додајте го и путерот и посолете по желба.

Печете сe додека не заруменат.

Кога компирите ќе се запечат, изрендајте кора од лимон врз нив и послужете ги топли. Добар апетит!

Слични објави

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Тајната е во една евтина состојка — рецепт за совршено крцкаво и сочно похувано пилешко месо

К.С.

Рецепт за француски колач со јаболка и ванила – неодоливо сочен десерт со мирис на есен

К.С.

Рецепт за совршен качамак без грутки – тајната за кремаста текстура е во еден едноставен трик

К.С.

Што треба да јадете за појадок по 40-тата година? Овие намирници помагаат да ги зачувате мускулите и енергијата

К.С.
Се вчитува....