8.8 C
Скопје
23:01 - 28 март, 2024

ДОМАШНА ГРАДИНА: Одгледувајте свежи зачински билки

Користењето свежи зачини е прекрасно поради нивната изразена арома, која потоа ја пренесуваат на јадењето, како и посебната магија што ја создаваат при готвење. Посебно е убаво ако дома имате мини градина, од која во секое време ќе можете да си наберете свежи билки. Но, за нивно успешно одгледување има неколку правила, кои мора да ги следите.

Обезбедете им доволно светлина

Кога ќе се решите да одгледувате зачински билки во саксии, треба да изберете соодветна локација, која ќе има доволно сончева светлина. Најдобар избор е прозорец со јужна позиција, па колку и да ви се чини дека прозорецот во кујната е соодветен за вакви украсни саксии, ако прозорецот од дневната е со соодветната позиција, таму сместете ги и ќе уживате во нивното богатство од листови. Притоа обрнете внимание за кој зачин колку минимум сончева светлина е доволна во текот на денот за да растат успешно. Ако нема доволно светлина, билките ќе растат долги стебла со мали листови што ќе бидат ситни и жолти. Доколку немате можност за директна сончева светлина, тогаш обезбедете им вештачка светлина од лед ламби, кои ќе ја имитираат природната светлина.

Саксиите не ги преполнувајте

Преполните саксии се уште една честа грешка. Редовно отстранувајте ги вишокот стебленца за да дозволите раст на нови и свежи, а исто така тоа ќе ви овозможи подолго време да растат билките и да ви се достапни во различни фази. За садење изберете долгнавести саксии или ако имате мали одделни саксии, при садење не ставајте многу семе внатре. А кога ќе никне, ако забележите дека е прегусто посеано, искорнете ги најслабите и овозможете им на другите да растат слободно и богато.

Правилно наводнувајте ги

Што се однесува до водата, зачинските билки не сакаат премногу вода, бидејќи ќе почне да им скапува коренот. Исто така, не треба да отидете во друга крајност и да заборавите да ги наводните. Проверете одвреме-навреме колку е сува земјата пред да ги наводните. Најдобар начин за проверка е со прстот да го пикнете во земјата и ако е ладна и мокра, може да почекате. Ако е сува, време е да ги полеете.

Нека се дренира почвата

Откако ќе ставите вода, растението ќе впие колку му е потребно, дел ќе се задржи во почвата, а остатокот ќе истече до дното на саксијата. Ако на дното нема дупчиња, оваа вода ќе остане внатре и ќе предизвика проблем. За да го избегнете тоа, задолжително проверете дали саксијата на дното има дупчиња. По наводнување оставете ги да се исцеди водата во нивните чинии и оваа вода фрлете ја.

Наѓубрете ги

Користењето ѓубриво е важно за убави и здрави билки. Тоа е храна за нив, која им овозможува да растат правилно. Количината и видот на ѓубриво варираат од една до друга билка. Откако ќе проверите и ќе го најдете соодветното ѓубриво, користете го според препораката и ќе бидете пресреќни со богатата мини-градина од свежи зачински билки.

Слични објави

(Видео) Миа Костова стана жртва на измама: Не рекламирам чаеви за слабеење, не наседнувајте на лажни реклами

Еспресо

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо
Се вчитува....