8.8 C
Скопје
23:56 - 19 октомври, 2026

ТИРАМИСУ ТОРТА: Рецепт кој МОРА да го пробате веднаш, задоволство кое нема да ве чини повеќе од 300 денари!

Нашиот тим започна соработка со една посебна, прекрасна мајсторка во кујна – Мартина Трајаноска.

Шармантната Мартина стои зад превкусните рецепти пласирани на инстаграм-профилот (martinascooking).

Готви од мали нозе, а со текот на годините и искуството научила дека најважна состојка во секое јадење е – љубовта.

Денес Мартина ни направи тирамису торта. 

инстаграм

– Ова е рецепт  кој МОРА да го пробате ама уште веднаш. Ова не го кажувам тукутака, верувајте ми! Пробајте ја тортава уште во прва прилика… ќе се вљубите! – вели Мартина и додава – „Потребни ви се 4-5 главни состојки, а и нема да ве чини повеќе од 300 денари“.

Намирници

1 пакетче готови кори

За филот – 250 грама маскарпоне,

250 мл слатка павлака (хопла),

50 грама рендано чоколадо,

2 пудинзи од ванила сварени во 400 мл млеко и 200 грама шеќер,

200 мл нескафе

какао или кафе за наросување одозгора

ПОДГОТОВКА

За филот најпрво сварете 2 кесички пудинг во 400 мл млеко со 200 гр шеќер. Оставете го да се излади.

Настрана изматете слатка павлака, додадете го маскарпонето и пудингот и убаво измешајте, па додадете го ренданото чоколадо.

1 лажица нескафе и 1 лажица шеќер измешајте со 200 мл топла вода.

Секоја кора пред филот натопете ја со неколку лажици нескафе.

Редете кора-фил-кора-фил-кора-фил, па наросете какао.

Тортата може да ја послужите веднаш или да ја оставите кратко да се се излади.

инстаграм
инстаграм

 

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....