04:08 - 29 ноември, 2026

„Дара Бубамара ме молеше да ѝ го рекламирам концертот“: Милица Павловиќ ја поткачи колешката

Дара Бубамара наводно веќе некое време „ја има фатено на пик“ помладата колешка Милица Павловиќ. Како што претходно пишуваа српските медиуми, Дара наводно во разговор со нејзините пријатели признала дека воопшто не ѝ се допаднал концертот на Милица во Белградската арена.

Милица Павловиќ сега ќе одржи серија концерти во рамките на турнејата „Кралица на југот 2“, а првиот од серијата е закажан на местото каде што сè започна, во Ниш. По тој повод пејачката разговараше со локалните медиуми, а меѓу другото, се осврна и на нејзиниот однос со Дара по наводниот конфликт што го имале.

– Од моја страна имаме добар однос. Се сеќавам кога имаше концерт во белградската арена, заедно гостувавме во емисија и ме замоли да го рекламирам нејзиниот концерт. Ќе го направев тоа дури и да не ме замолеше, ја поддржувам секоја личност што се осмелува да направи нешто такво. После тоа имаше некои чудни изјави од нејзина страна и тоа воопшто не ми беше јасно. Очигледно, така функционира шоу-бизнисот – изјави Милица за „Курир“.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....