15:29 - 9 ноември, 2026

(Фото+видео) Познатата актерка Изабел Тејт почина на 23 години од наследна болест

Откриена е причината за смртта на младата актерска ѕвезда во подем Изабел Тејт. Актерката, позната по својата неодамнешна улога во серијата „9-1-1: Нешвил“ ( 9-1-1: Nashville), почина на 19 октомври на само 23-годишна возраст. Неколку часа откако беше потврдена тажната вест, нејзината агенција откри дека Изабел починала како резултат на ретко невролошко нарушување, пишува „Ентертејмент викли“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)


Ким Мекреј, основачка на агенцијата „Мекреј“, која ја застапуваше младата актерка, во изјавата ја потврди дијагнозата.

– Изабел „Изи“ Тејт имаше ретка форма на болеста Шарко-Мари-Тут – рекла Мекреј.

Таа додала дека Изабел „починала мирно“ и дека „семејството бара приватност додека се справуваат со оваа ненадејна и шокантна загуба“.

Што е болеста Шарко-Мари-Тут?

Болеста Шарко-Мари-Тут (CMT), како што е објаснето од здружението Шарко-Мари-Тут, е „периферна невропатија која ги зафаќа нервите што го поврзуваат мозокот и ‘рбетниот мозок со остатокот од телото“. Овие периферни нерви се одговорни за движењето, чувството, слухот и функцијата на органите.

Болеста предизвикува „доживотни, прогресивни симптоми, вклучувајќи мускулна слабост и атрофија во рацете и нозете, губење на чувството и други компликации“. Симптомите често водат до тешкотии со рамнотежата, одењето, користењето на рацете и другите дневни активности.


Повик за донации

Семејството ја замоли јавноста наместо цвеќе, во спомен на Изабел, да уплатат донации на Здружението Шарко-Мари-Тут.

– Наместо цвеќе, семејството моли донациите во сеќавање на Изи да се уплатат во здружението на име на починатата актерка – заклучила Мекреј.

Храброст во соочувањето со болеста

Изабел претходно отворено зборуваше за прогресивната невромускулна болест што ѝ беше дијагностицирана кога имаше 13 години. Во објава на Инстаграм во 2022 година, таа искрено го опиша своето патување:

– Оваа болест ги ослабува мускулите на моите нозе и со текот на времето морав да користам инвалидска количка. Тешко ми беше да прифатам помош и да прифатам дека моето тело повеќе не може да се справи со сè што сакам.

Таа додала дека искуството ја скршило, но и ја направило посилна:

– Не очекував дека нешто вакво да ми се случи. Не знам зошто ми беа поделени токму тие карти во животот, но не можам да го сменам тоа – па затоа одлучив тоа да го прифатам и да не дозволам да ме дефинира.

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....