04:20 - 29 ноември, 2026

Чарлс III и Вилијам остро ќе одговорат на какви било тврдења на Хари и Меган

Кралот Чарлс Трети и принцот Вилијам се подготвени за итен и остар одговор на какви било нефер тврдења на Меган Маркл и принцот Хари, пренесува Мирор.

Според инсајдерски изјави за Мирор, високите претставници на Бакингемската и Кенсингтонската палата ќе ги гледаат првите три епизоди од серијата Меган и Хари на Нетфликс. Изворот појасни дека кралот Чарлс Трети и принцот Вилијам одржале разговори оваа недела и им наложиле на помошниците да бидат подготвени да дадат „тврд“ одговор доколку постои перцепција дека Хари и Меган изнесуваат неосновани обвинувања со цел да ѝ наштетат на монархијата.

„Веројатно нема да дадат одговор по првите три епизоди, па затоа ќе ја гледаат целата серија за да добијат целосната слика“, рече тој.

Инсајдерот додаде дека кралското семејство не се сигурни дека документарецот на Меган Маркл и принцот Хари ќе биде „толку експлозивен“ како што е најавен.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....