18.8 C
Скопје
04:29 - 11 септември, 2026

БРАВО КИНА: Гејмингот за деца уште поограничен

Сите ќе се согласиме дека екстремот, од една или друга крајност, е најлошата можна опција. Во многу сегменти од живеењето, барем во нашите очи, Кина е екстремна. Ама и ова нашево пак, оди во другата крајност. На Кинеските деца, од технолошки аспект, речиси сè им е забрането, на нашиве – сè им се може.

Иако и до сега имаше ограничување, кога на децата до 18 години, им беше дозволено да играат преку Интернет 90 минути дневно, донесена е одлука ограничувањето да биде зголемено. Овој потег ја одразува долгогодишната загриженост за влијанието на прекумерното играње кај младите. Еден месец пред најновите ограничувања, написот објавен од државниот „Економски информации дневно“ тврдеше дека многу тинејџери станале зависни од игри на интернет и тоа има негативно влијание врз нив. Исто така и еден државен кинески медиум, ги именуваше игрите на Интернет како „духовен опиум“.

 

Би Би Си го пренесува сопштението на кинеската регулаторна комисија за видео игри, каде се наведува дека на онлајн гејмерите помлади од 18 години ќе им биде дозволено да играат само по еден час во петок, викенд и празници. Исто така, им наложи на компаниите за игри да ги спречат децата да играат надвор од дефинираното време за видео игри: од 20 до 21 часот. Ќе бидат зголемени и инспекциите на компаниите за да се осигура дека временските ограничувања правилно се спроведуваат.

Оваа вест предизвика значителен пад на вредноста на акциите во некои од најголемите кинески фирми за игри на Интернет. Во јули, кинескиот гигант за игри „Тенсент“ објави дека го промовира препознавањето на лицето за да ги спречи децата да играат помеѓу 22:00 и 08:00 часот. Овој потег следуваше по стравувањата дека децата користат лични карти за возрасни за да ги заобиколат правилата.

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....