00:12 - 29 ноември, 2026

Бјанка Ценсори се фати за коси со пријателките поради Канје Вест: „Љубоморни сте!“

Моделот и „сопруга“ на Канје Вест, Бјанка Ценсори престана да комуницира со пријателите поради Канје Вест, пренесува Дејли меил.

Пријателките на Бјанка Ценсори веруваат дека Канје има лошо влијание врз неа.

„Неколку нејзини пријатели конечно успеаја да дојдат до неа, но таа не беше заинтересирана да зборува со нив. Таа брзо се оддалечи од нив и ѝ рекла на една од нејзините поранешни пријателки да „одј*бе“ кога се обидела да ја праша дали е добро. Таа вели дека нејзините пријателки се само љубоморни на нејзината популарност“, изјави близок пријател на Бјанка за Деили меил.

Од почетокот на август Канје Вест и неговата нова „сопруга“ Бјанка Ценсори патуваат низ Италија. Фотографиите на папараците од парот редовно се појавуваат во медиумите: тие ги прикажуваат Канје и Бјанка во разголеми и ексцентрични модни комбинации на улиците на италијанските градови, а потоа и во Лондон. Жителите на Италија веќе го изразија своето незадоволство од однесувањето на парот.

Последната капка што ја прелека чашата беше однесувањето на Канје Вест во Венеција, каде што беше фотографиран како седи на чамец со спуштени панталони и без долна облека, покажувајќи го задникот. Претставниците на компанијата Венеџија Туризмо Мотошафи, на чиј чамец пловеше двојката, им рекоа на новинарите дека двојката „повеќе не е добредојдена“ за нивнте услуги.  Во соопштението, компанијата ги осуди непристојните постапки на парот, велејќи дека тие биле „целосно несвесни“ за тоа што се случило во водното такси се додека фотографиите не биле објавени во јавноста.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....