20:02 - 28 ноември, 2026

(Видео) Снимка на која Расел Бренд јавно ја „напаствува“ учесничката на Американски идол: Непристојно флертување во емисија

Клипот го привлече вниманието и стана вирално по заедничката истрага на Сандеј Тајмс, Тајмс и Чанал 4, која ги обелодени наводите за силување, сексуален напад и емоционално злоставување од страна на четири жени против Расел Бренд.

Овие обвинувања се однесуваат на инциденти пријавени помеѓу 2006 и 2013 година кога Бренд имал позиции како водител и за BBC Radio 2 и Channel 4.

Со оглед на неодамнешните откритија во врска со Бренд, повторно се појави стар клип од 2013 година од емисијата Вечерно шоу со Џими Фалон.

Во интервјуто, обидите на Бренд отворено да флертува со учесничка на Американски идол направија девојката да се чувствува видно непријатно, особено ако се земе предвид дека во тоа време таа беше мажена. Бренд дури одби да го ослободи своето столче за интервју кога Кетрин Мекфи, втората гостинка на вечерта, излезе на сцената.

Сепак, Мекфи неодамна го минимизираше инцидентот кој се случил, како што објави Дејли Мејл.

„Овој конкретен инцидент се случи пред повеќе од една деценија и беше безопасен“, забележа таа, цитирана од Дејли меил.

 

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....