13.8 C
Скопје
20:05 - 18 октомври, 2026

Се укинува Јутјуб каналот на Расел Бренд по бројните обвинувања за силувања: Растат проблемите за британскиот комичар и на финансиски план

Јутјуб ја суспендираше монетизацијата на каналот на комичарот и поранешен сопруг на Кети Пери, Расел Бренд поради обвинувањата за силување. Ова го објави Гардијан. Каналот на Бренд има 6,5 милиони претплатници.

Оваа зима, на каналот на Расел Бренд се појавија изјави за конфликтот во Украина. Тој ја осуди американската поддршка за Украина и рече дека „премногу го гледал каналот Russia Today“, иако тој бил „блокиран на повеќе платформи“. Овие изјави предизвикаа голем број критики против актерот.

Комичарот е обвинет за силување, сексуално вознемирување, вклучително и против малолетно девојче, како и за емоционално малтретирање. Овие инциденти се случиле помеѓу 2006 и 2013 година. Една од неговите жртви тврди дека Расел ја силувал во неговиот дом во Лос Анџелес на 1 јули 2012 година. Тоа била втора средба на девојката со комичарот, а пред тоа таа еднаш имала „консензуален секс“ со него.

Друга жртва изјавила дека за време на сексуалниот однос со комичарот имала 16 години. Кога девојчето му признало на Расел колку години има, тој одговори: „Не ми е гајле дали имаш 12 години. Само треба да разберам колку е тоа легално“.

Самиот Бренд го негира сето ова, тврдејќи дека, иако водел распуштен начин на живот, сите врски биле со заедничка согласност.

Медиумите активно пишуваат и за неговите стари стенд-ап настапи, кои содржат многу шеги за секс со деца, за бездомници и обожаватели, како и за силување.

На социјалните мрежи се појави и едно старо интервју со Кети Пери, каде таа зборува за нејзиниот брак со Бренд и признава дека „ја знае целата вистина за него“. Во интервју за магазинот „Вог“ во 2013 година, таа зборуваше за нејзиниот „контролиран“ сопруг и нејзиниот „нефер брак“. Кејти призна дека била „вљубена“ во Бренд кога се омажила за него на 23 октомври 2010 година.

Тие се разведоа 14 месеци подоцна, откако пејачката доби порака од него на новогодишната ноќ дека треба да се разделат. Кејти вели дека долго време се обвинувала себеси за нивното раскинување додека не сфатила дека нејзиниот поранешен сопруг е склон кон целосна контрола над неа.

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....