38.8 C
Скопје
17:24 - 21 август, 2026

Беби Дол го распродала накитот на тетка си за бадиела: Секаде е должна, го сменила бројот и исчезнала

Беби Дол го заложила накитот од 3.000 евра на тетка си за 300 евра и исчезнала. Според србските медиуми пејачката ги избегнува и пријателите бидејќи се задолжила кај сите.

Неодамна во медиумите низ регионот одекна веста за тоа дека познатата пејачка Драгана Шариќ попозната како Беби Дол има финансиски проблеми и дека јаде во Народната кујна.

Иако неколку пати била видена како зема храна таму, никој со сигурност не можеше да каже дали пејачката ја зема за себе или за некој друг.

Оваа приказна подоцна ја потврдија и нејзините соседи (кои исто така ја избегнуваат Беби), а како што сега пишува српски „Курир“, штом починала нејзината тетка, Беби продала скапоцености од нејзиниот стан, меѓу кои и голема количина накит.

Според информациите на српски Курир, таа го заложила вредниот накит, односно го продала за само 300 евра и тоа од извесна заложница (продавница за пари) – крдитот од 300 евра го добила, но договорот бил каматата да биде 20 отсто месечно, а рокот на отплата 90 дена.

Блиски луѓе на пејачката за српските медиуми изјавиле дека таа не се појавила во заложницата во договорениот рок, а вредните предмети проценети на околу 3.000 евра автоматски отишле кај нив, а подоцна ги продавале по многу пониски цени.

Познаници и пријатели на пејачката велат дека долго време не се слушнале ниту виделе со неа, а според информациите на „Курир“ таа наводно го сменила бројот за да не може никој да ѝ се јави, бидејќи била во долгови кај многу луѓе.

Слични објави

(Фото) Активен пар — Стефанија Гаштарска и Амар Мециновиќ освоија уште пет врва на Шар Планина

Еспресо

(Фото) Хрватската пејачка Жанамари позираше во бикини, жешките фотографии го „запалија“ интернетот

Еспресо

(Фото) Неверојатно си личат! Ова е сестрата на Душко Тошиќ, која ретко ја гледаме во јавноста

Еспресо

Јордан Митев по 25 години случајно ја пронајде ученичката книшка и се потсети на едно поинакво време

Еспресо

Вака изгледа дел од бајковитиот дуплекс на Никола Роквиќ и Бојана Баровиќ — мала зелена оаза во Нов Белград

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева има необична техника за релаксација – свири на кристални чинии

Еспресо
Се вчитува....