Македонската манекенка Светлана Црнокрак се појави во долга црна тоалета од модната куќа „Елена Лука“ на свечената академија со која Општина Карпош одбележа 50 години од своето основање. Свеченоста се одржа во скопскиот хотел „Александар Палас“.
Откриените рамена и волуменозните ракави ѝ дадоа изразена силуета на тоалетата, а длабоките набори внесоа текстура во еднобојната креација. Педесетгодишната манекенка ја надополни со огрлица од црни мониста, прилепена до вратот, и со дискретни висечки обетки.

На свечената академија беше оддадено признание на генерациите што учествувале во развојот на Карпош, како и на жителите што му го даваат препознатливиот карактер на овој дел од Скопје.

