Телевизискиот водител Огњен Амиџиќ отворено зборуваше за своите животни одлуки, работите за кои денес жали, но и за сè почестата појава на луѓе кои не сакаат да стапат во брак или да основаат семејство. Тој ги сподели своите размислувања гостувајќи во емисијата „Магазин Ин“.
Популарниот водител најпрво се осврна на својата младост и откри што би променил доколку имал можност повторно да ги проживее тие години.
Амиџиќ призна дека жали што во младоста не си дозволил повеќе да ужива во животот и што не се посветил доволно на нештата што можеле да му донесат убави искуства.
„Во тие години би се трудел повеќе да живеам и да ги проживеам работите. Не се препуштав доволно, требаше повеќе да живеам…“, изјави водителот.
По ова, разговорот се насочил кон промените во современото општество и сè поголемиот број луѓе кои подолг период немаат партнер или воопшто не се гледаат во улогата на сопружници и родители.
Водителот забележал дека денес сè почесто се среќаваат луѓе кои не се заинтересирани за љубовни врски и семеен живот. Притоа, тој се осврнал и на промените во начинот на кој луѓето ги носат животните одлуки.
„Сè повеќе има асексуални луѓе, буквално веќе не знаеш каква е чија определба… Воопшто немаат партнери со години. Навистина е чудно времето во кое живееме. Не е секој создаден за сè. Ние живееме според моделите што сме ги презеле од дома. Не е секој ниту за тоа да биде родител… Веројатно сме правеле многу работи затоа што сме биле програмирани да ги правиме“, порача Амиџиќ.
Со оваа изјава, водителот отвори тема за општествените очекувања поврзани со љубовта, партнерството и родителството, како и за влијанието на семејните модели врз изборите што ги правиме во текот на животот.
