Фризерот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ, Стеван Радивојевиќ, јавно го коментираше изгледот на Александра Пријовиќ и упати неколку забелешки за нејзиниот моден избор. Тој смета дека и покрај тоа што пејачката носела скап фустан, комбинацијата не била најдобро прилагодена на нејзиниот стил, а забележал и дека ѝ недостигала поголема густина на косата.
Неговите коментари повторно ги отворија шпекулациите за наводниот конфликт меѓу Цеца и Прија, како што многумина ја нарекуваат Александра. Во српските медиуми подолго време се пишува за нивните наводно нарушени односи, но ниту една од пејачките досега официјално не потврдила дека меѓу нив постои несогласување.
Радивојевиќ го анализирал изгледот на Александра во емисијата „Дневникот на мојот живот“ (Žurnal mog života), каде што се осврнал на фотографија на која пејачката носи провокативен црн фустан од модната куќа „Скијапарели“ (Schiaparelli).
Тој најпрво го пофалил професионалниот изглед на шминката, но веднаш потоа упатил забелешки за нејзината коса и надградбата.
„Александра Пријовиќ. За неа се грижи мојот колега Лаза, шминката секогаш е беспрекорна, како и секогаш. На оваа фотографија ѝ недостига коса, потребна е малку поголема надградба, како да има недостиг од прамени со штипки. Ова е некаква балајаж-надградба, но според мене, тука ѝ недостига уште малку коса“, коментирал фризерот.
Тој се осврнал и на фустанот, за кој смета дека, и покрај високата цена и атрактивниот изглед, не е вистинскиот избор за пејачката.
„Фустанот е навистина убав и скап, но не е за неа. Фустанот на фотографијата навистина покажува дека не е сè за секого. Не можете да купите сè што ќе видите дека е убаво и скапо и да мислите дека тоа е за вас. Таа има смирена енергија и треба да се насочи кон романтичен и нежен стил, а не да биде секс-бомба. Мали, слатки фризури, мислам дека со тоа никогаш не би погрешила“, додал Радивојевиќ.
Фризерот открил и дека со Александра соработувал уште на почетокот на нејзината музичка кариера. Според него, тогаш таа била сосема обична девојка, но не знае како денес функционира соработката со неа.
„Јас ја средував одамна, на самиот почеток на кариерата, и беше сосема нормална девојка, а каква е сега за соработка, не знам. Убава и талентирана девојка“, заклучил соработникот на Цеца.
Ова не е првпат Стеван Радивојевиќ јавно да го коментира изгледот на познатите пејачки. Особено се памети неговата изјава од пред девет години, кога остро ја критикуваше косата на Лепа Брена, оценувајќи дека изгледа ужасно.
