Српската пејачката Јелена Карлеуша повеќе не крие дека е среќна во љубовта. Таа од неодамна е во емотивна врска со 24-годишниот манекен Александар Шево.
На еден настан првпат јавно се бакнаа, а сега таа откри како впловиле во романсата.
– Љубовта не се бара со сила, љубовта се случува. Многу сум среќна, од една страна еден деловен хаос, од друга страна прекрасна љубовна приказна, мир, почит и разбирање и храброст да се седне покрај мене. Тој е зад камерата, тој е мојата голема поддршка – рекла Јелена и додала:
– Тој е едно младо момче коe покажа голема храброст и дрскост да застане покрај мене и да се обиде да ме одбрани кога ме кинеа на парчиња. Тоа е витешко и храбро, така ме освои. Го ценам кога некој кој има толку години покажува храброст и застанува покрај мене. Тој е првенствено некој што ми е поддршка, кој е многу позитивен во сето ова, некој што е насмеан, млад… Мене секој партнер ми беше помлад, и Душко е помлад, ги однесе Атина и Ника во Орловат кај баба ун, тие нè гледаат. Ги поздравувам сите, ние сме во одлични односи – рекла пејачката.
Новото момче на Јелена има 24 години
Карлеуша одлучила да открие колку години има нејзиниот нов партнер, а фактот што е помлад од неа го доживува како предност.
– Тој има 24 години, се чувствувам толку ужасно кога се зборува за годините. Јас сум во физичка форма на аждаја и за него и за секој. Здрава, силна, расна и спортски настроена. Сурово искрено, тој ме спаси, се покажа како одличен пријател, ме одбрани и ме спаси од измами на големи деловни измами, се покажа како голем шмекер и брат кога ми посочи некои малверзации што ги имав во мојата кариера во тоа време. Во него видов првенствено човек кој ми посакув добро, потоа ми објасни дека сето тоа го направил од љубов. Од една прекрасна емоција, сакаше да ме заштити како маж и жена и јас сум му бескрајно благодарна за тоа. Некој што ми помогна да откријам кривични дела и да се спасам. Не бев некој на кого му требаше какво било спасување, но кога некој толку наклонет ќе ви укаже на некои работи, јас можам само да се заблагодарам – порачала пејачката и открила како сè започнало.
Јелена истакнува дека прво долго се допишувала со Александар, а дури потоа влегле во врска. Таа се осврнала и на своите ќерки и поранешниот сопруг Душко Тошиќ.
– Александар и Душко не се запознале, но мислам дека ќе се сложуваат одлично кога ќе се запознаат. Александар сака да поминува време и со Атина и Ника, да разговараат за разни „детски“ теми. Имаат многу заеднички теми каде што јас не се пронаоѓам. Мама сака посериозни теми, се согласуваме во тоа дека мама не треба многу да „твитува“, туку повеќе да се занимава со пеење. Ја запознав неговата мајка, таа е подобра „риба“ од мене, таа е топ, супермодел. Не можам ни да замислам, се шегувам, се надевам дека мислат позитивно и добро. Мене сите мајки и татковци на момчињата ме сакаа многу, родителите беа тие што страдаа кога ќе си заминев. Ќе ви откријам една тајна, јас сум добар човек приватно – реклаЈелена Карлеуша во „Премиера – викенд специјал“.
