11.8 C
Скопје
09:42 - 21 октомври, 2026

Пол Макартни со помош на вештачка интелегенција ја сними „последната песна на Битлси“

Сер Пол Макартни неодамна потврди дека со помош на вештачка интелигенција успеал да сними песна која ја нарече „последната песна на Битлси“.

Тој за Би-Би-Си Радио 4 изјави дека модерната технологија му дозволила да го „извади“ гласот на Џон Ленон од стара демо верзија за да може да ја заврши песната.

„Само што завршивме и ќе излезе оваа година“, рече Макартни.

Сер Пол не го прецизираше името на песната, но Би-Би-Си шпекулира дека станува збор за композицијата на Ленон „Now And Then“ од 1978. Музичарот ја добил снимката пред една година од вдовицата на Ленон, Јоко Оно, а таа е една од неколкуте песни на касетата, на која пишува „За Пол“, создадена е непосредно пред смртта на Ленон во 1980 година.

Две од тие песни – „Free As A Bird“ и „Real Love“ – беа завршени и објавени во 1995 и 1996 година, што беше првиот „нов“ материјал на бендот по четврт век. Бендот исто така се обиде да ја сними „Now And Then“, но тие се откажаа, а немонтираната песна сè уште го наоѓаше патот до слушателите.

Продуцентот Џеф Лин, кој работеше со остатокот од Битлси на снимањето на песните во тоа време, се присети дека песната има рефрен, но целосно недостасуваат стихови“, а Макартни подоцна тврдеше дека од неа се откажале бидејќи на Џорџ Харисон не му се допаѓала.

„Таа сè уште собираше прашина, па ќе гледам да ја завршам со Џеф еден од овие денови“, рече тој во едно интервју во 2012 година.

Модерната технологија, очигледно, конечно му ја исполни желбата, но музичарот призна дека многу аспекти на вештачката интелигенција го плашат.

„Не сум толку често онлајн, но луѓето ми велат: „Ох, има песна каде што Џон пее една од моите песни и сето тоа е вештачка интелигенција.“ Тоа е страшно, но и возбудливо, бидејќи е толку футуристички. Само треба да се види каде води сето тоа“, рече тој.

Слични објави

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо

Хороскоп за 21 октомври: Партнерот се оддалечува од Раковите, а на Девиците им подготвува изненадување

Еспресо

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо
Се вчитува....