23:02 - 29 април, 2024

ЗОШТО ВАН ГОГ СИ ГО ИСЕКОЛ УВОТО НЕПОСРЕДНО ПРЕД БОЖИЌ? Го завиткал во весник и ѝ го подарил на омилената проститутка

За состојбата на познатиот сликар се напишани и книги, но историчарите и експертите се уште не се договориле за причината која Винсент ван Гог го поттикнала да си го отсече увото.

На 23 декември 1888 година, во пресрет на Божиќ, холандскиот сликар Винсент ван Гог во состојба на тешка депресија си го отсекол долниот дел од левото уво. Тој подоцна го овековечи чинот со автопортрет на кој се гледа завиено левото уво. Ван Гог наводно го завиткал тоа парче уво во весник и го однел кај својата омилена проститутка и ја замолил внимателно да го чува. Ван Гог за малку ќе искрварел таа ноќ, а две години подоцна сликарот се самоубил.


Постојат неколку теории зошто Винсент си го отсекол увото. Во тоа време живеел во т.н Жолтата куќа во провансалскиот град Арлес на југот на Франција. На гости кај него дошол познатиот сликар Пол Гоген. Работеле и живееле заедно во Жолтата куќа, ги врзувало силно пријателство. Нивната врска била многу интензивна, а се шпекулирало дека се во љубовна врска. Извесно време живееле заедно, хранејќи ја својата нефункционална врска. Гоген често му викал на пријателот, му велел дека без него ќе биде никој и ништо, а Винсент молчејќи го слушал и се опивал од евтино вино. Кога му прекипело, Гоген го гаѓал со чаши, чинии и што му било на дофат на раката.


Кога Гоген ќе се разбудел среде ноќ, го затекнувал Гог како зјапа во него. Кобната ноќ Гоген излегол на прошетка, бидејќи сакал да побегне од Винсент од кога се повеќе се плашел. Во еден момент слушнал чекори зад него, се свртел и го видел Винсент како оди зад него со жилет во раката. Тие немо се гледале неколку секунди, а потоа Винсент се свртел и заминал. Подоцна истата вечер си го отсекол увото. Така се појавила една теорија – дека Винсент ван Гог си го отсекол увото поради расправија со пријателот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @theknightofhearts


По инцидентот, Винсент завршил во болница, а потоа и во психијатриската болница Сен Пол де Мозол, во околината на Сен Реми де Прованс, на југот на Франција, каде бил една година.

Повеќе од 150 лекари се обиделе да ја дијагностицираат неговата психичка состојба, а тие варираат од шизофренија, порфирија, сифилис, биполарно растројство до епилепсија.

За време на неговиот престој во Сен Реми де Прованса, тој поминал низ фазите на најголемото лудило и во тој период е создадена неговата најпозната слика Ѕвездена ноќ.

Една година подоцна се преселил во близина на Париз, а на 27 јули 1890 година се застрелал и умрел два дена подоцна.

Друга теорија за неговата состојба исто така го вклучува Гоген. Тој наводно бил толку луд од постојаните промени во расположението на неговиот пријател, што наводно во еден момент му рекол на Винсент дека си оди и дека повеќе не сака да живее со него. Откако тоа му го соопштил Винсент од бес го удрил со чаша. Гоген, многу вешт во мечување, реагирал така што на својот пријател со меч му го отсекол увото.


Иако го повредил, Винсент не сакал да го пријави пријателот во полиција, туку рекол дека сам си го отсекол увото. На тој начин го спречил пријателот да оди во затвор.

Сепак, некои историчари имаат трета теорија. Така наведуваат дека за ваквата одлука најверојатно била веста дека неговиот брат се верил.

Според податоците на едно истражување, Винсент ја дознал оваа вест токму на денот кога си го отсекол увото, на 23 декември 1888 година. Експертите веруваат дека ова сознание го затекнало и го исплашило Ван Гог дека засекогаш ќе остане сам, без пари, односно без финансиска поддршка од неговиот брат, кој му овозможил да го живее животот што го водел.

Веста многу го вознемирила и предизвикала да се повреди. Венчавката на неговиот брат можеби не била клучната причина, но таа го поттикнала и интензивирала неговото инаку деструктивно однесување.

Но, и денес нема согласност која била причината што Винсент ван Гог извадил жилет и си го отсекол увото, има и книги кои се занимаваат со таа тема, но ниту една теорија не е прифатена како целосно точна.

 

Слични објави

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо

Принова кај познатата двојка: Петар Грашо и Хана Хуљиќ го очекуваат своето второ дете

Еспресо

(Фото) Македонката Татјана Јанушева блесна на престижна модна ревија во Франција

Еспресо

Синот на Цеца ја расплака нацијата: Вељко Ражнатовиќ се откажа од паричната награда, еве за кого одат 5000 долари

Еспресо
Се вчитува....