6.8 C
Скопје
01:34 - 20 октомври, 2026

ЗА ШОН ПЕН МАЖИТЕ СЕ ФЕМИНИЗИРАЛЕ: Во денешното општество има „отсуство на машко однесување“

Некои изјави на Шон Пен брзо се проширија на социјалните мрежи и станаа хит зашто многумина ги нарекоа смешни.

Во текот на интервјуто за The Independent за промоцијата на неговиот нов филм како режисер, Денот на знамето, Пен ги искажа своите размислувања за, како што вели, одредена „ароганција на белите американски мажи“ кои веруваат дека „американскиот сон што им е ветен, им следува“.

Шон Пен потоа го „елаборираше“ портретот на денешницата со изјавата дека има „отсуство на машко однесување“ во општество.

Актерот дополнително објасни:

„Јас сум меѓу оние кои веруваат дека мажите во американското општество се многу феминизирани. Мислам дека да се биде брутална или бесчувствителна личност или да се нема почит кон жените, нема никаква врска со машкоста, и никогаш немало врска. Но, не мислам дека, за да бидеме фер кон жените, треба да станеме жени“.

Шон Пен набргу го повтори овој свој став во друго интервју:

„Мислам дека мажите, барем што се однесува до мене, се прилично феминизирани. Има многу силни жени во мојот живот кои не ја гледаат мажественоста како знак на угнетување кон нив. Има многу, мислам, кукавички гени кои ги наведуваат луѓето да се откажат од фармерки и да носат здолништа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dylan Penn (@iamdylanpenn)

На бројните интервјуа за промоција на новиот филм, Пен често се појавува во друштво на својата ќерка Дилан, која инаку глуми во филмот.

Според гласините, на Дилан ваквите смешни изјави на татко ѝ не ѝ биле секогаш пријатни.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....