07:44 - 9 ноември, 2026

(ВИДЕО) МАГАЗИНОТ „РОЛИНГ СТОУНС“ ЈА ОБЈАВИ СВОЈАТА ЛИСТА НА 500 НАЈДОБРИ ПЕСНИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА: Која е „новата“ најдобра песна?

Легендарната листа на топ 500 најдобри песни на сите времиња на реномираниот музички магазин Ролинг Стоун е освежена за прв пат по 17 години – како и број 1 најдобрата песна на сите времиња.

Во 2004 магазинот „Ролинг Стоунс“ ја објави својата листа на 500 Најдобри Песни на Сите Времиња. Но, музичката сцена значително се промени во последните две декади, па Ролинг Стоун се одлучија да ја освежат оригиналната и да создадат нова „RS 500“ листа.


На врвот на листата се искачи безвременскиот хит на Арета Френклин од 1967 година „Respect“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vilin Grad (@vilingradnis)


Песната, која е всушност кавер на хитот објавен две години претходно од музичката легенда на соул музиката Отис Рединг, го освои првото место на листата откако беше најгласана меѓу 4000 песни од страна на над 250 изведувачи, артисти, композитори и важни личности од светската музичка индустрија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rolling Stone (@rollingstone)

На втората позиција се најде песната „Fight the Power“ на Паблик Енеми, а третото место го зазема „A Change Is Gonna Come“ на Сем Кук.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rolling Stone (@rollingstone)

За безвременоста на музиката говори и фактот дека повеќе од половина од песните – дури 254 – кои се присутни на овогодинешната беа дел и од претходната листа. Во верзијата на листата „RS 500“ во 2004 година доминираа рани рок и соул нумери, додека новата едиција е поопфатна и отворена за нови хитови, и содржи повеќе песни во хип-хоп, модерен кантри, инди рок, латино поп, реге и рнб стил.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....