6.8 C
Скопје
08:13 - 18 април, 2024

ВИДЕО+ФОТО | Ники де Јагер: Водителката на Евросонг поради закани откри дека е трансродова личност

Една од најатрактивните водителки на годинешниот Евросонг, русокосата Ники де Јагер, родена е како маж и направила операција за промена на полот на 19 години.

Убавата Холанѓанка се прослави на јутуб како шминкерка и фризерка, а нејзиниот јутуб-канал „Туторијалите на Ники“, има над 13 милиони следбеници. Но, минатата година таа ги шокираше сите со своето признание.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials)

Имено популарната инфлуенсерка, која кариерата ја започна во 2008 година со едноставни видеа со туторијали како да се нашминкате, лани преку 17-минутно видео откри дека всушност е родена како маж. Во видеото насловено „Се откривам“ таа изјави:

– Денес со вас ќе споделам нешто што отсекогаш сакав да ви го кажам, но под мои околности. Ми се чини дека таа можност ми е одземена, затоа си ја враќам својата моќ назад. Нова е 2020 година и сакам да ја започнам оваа година со вистина. Не можам да верувам дека ова го кажувам. Родена сум во погрешно тело. Да се сними ова видео од една страна е застрашувачко, а од друга страна ослободувачко чувство. Да, јас сум трансродова лучност, но на крајот од денот тоа сум само јас, како што вие сте –вие.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials)

Потоа во видеото Ники изјавува дека секој има право да го живее животот без било какви рестриктии и осуди. Воедно таа вели дека целта ѝ е да ги инспирира сите „мали Ники“ во светот кои се соочуваат со истото како таа кога била мала и да го живеат животот каков што го заслужуваат.

– Секојдневно ги водам своите битки и знам дека ве има и други како мене. Му требаме на овој свет. Треба бидеме слушнати и разбрани. Без разлика на тежината, бојата на косата, кожата…. кога мајка ми била трудна со мене била убедена дека носи девојче, но тогаш сум излегол јас. Сепак, секогаш си играв со кукли, ме интересираа шминки и фустани. Мајка ми рече дека ќе бидам геј или нешто друго ќе се случи. Отсекогаш ме поддржуваше, за што сум ѝ бескрајно благодарна. На седум години почнав да носам исклучиво женска облека. Учителите во школо ме сфаќаа, но децата, како деца, некои беа збунети. Најтешко ми беше да ме прифатат луѓето. Тоа знаеше да ми го скрши срцето. Кога имав 14 години почнав со хормонална терапија. На 19 години, патот на транзиција беше готов и конечно станав жена – изјави тогаш водителката.

сце

Подоцна, кон крајот на 2020 година беше прикажана документарната мини-серија од 4 епизоди наречена „Туторијалите на Ники: Моите слоеви“ низ која Ники откри многу детали за себе.

Имено во серијата таа зборува за тоа дека болеста на помалиот брат била причина да почне да бара разни начини да се занимава со нешто, само за да избега од реалноста. Почетокот на јутуб-каналот за неа бил вистински избор, бидејќи само таму се чувствувала сигурно и среќно. А постигнувањето планетарен успех многу ѝ помогнал и финансиски да го поддржи семејството кое морало да плаќа скапи терапии за лекување на брат ѝ кој бил болен од рак.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials)

Во целиот хаос додека напорно работела за да ја одржи кариерата, посетувала разни настани, едукации и друго, таа е скршена кога брат ѝ ќе почине. Најголем проблем за неа е мигот, кога лице непознато за јавноста, почнува да ја уценува дека ќе ја открие вистината за нејзиниот пол, поради што таа се решава на чекорот самата да го стори тоа. На крај од серијата, Ники зборува за среќата која ја нашла покрај своето долгодишно момче Дилан, со кого се сврши годинава во февруари.

Слични објави

Астропрогноза за четврток, 18 април: Вагите да си го отворат срцето, Јарците денес да се осамат

еспресо

Анѓелка Прпиќ ја отвори душата: „Кога се разведов…“

еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ без грам шминка: Водителката покажа како изгледа кога ќе се исклучат камерите

Еспресо

Се смирија Мелина и Џина по бурниот период? Еве што направи ќерката на Харис Џиновиќ

Еспресо

„Многу ми се налути“: Јелена Карлеуша откри дека Канје Вест ја блокирал на Инстаграм

Еспресо

(Видео) Александра Пријовиќ се расплака на концерт: Пејачката не можеше да ги запре солзите

Еспресо
Се вчитува....