03:51 - 8 ноември, 2026

ФОТО+ВИДЕО | Се вакцинираше Весна Петрушевска: К`смет, таман ќе стигнеш на ред нешто нема…

Нашата актерка Весна Петрушевска – Бејби на својот инстаграм-профил објави дека ја примила вакцината против коронавирусот.

Фото: Весна Петрушевска / Инстаграм

„Стигнавме на ред за вакцини и снема вакцини. Инаку е супер организирано и треба да ме боцнат со „Фајзер“, ама к`смет, таман ќе стигнеш на ред нешто нема… Се изначекав цел живот за сè“, во нејзин стил се пошегува Весна во видеото кое го сподели на инстаграм-стори пред да се вакцинира.

Но дека има вистина во изреката „Кој чека, ќе дочека“ зборува и следното видео кое го сподели актерката на кое може да се види моментот кога ја прима вакцината.

Весна исто така сподели фотографија со медицинскиот техничар Денис Јанкуловски познат на јавноста под прекарот Космонаутко. „Со убавиот лик на ова невреме Денис“, напиша Весна во описот на фотографијата.

Фото: Весна Петрушевска / Инстаграм

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....