24.8 C
Скопје
16:33 - 29 март, 2024

Кристина ја раскажа својата потресна приказна: Ме принудија да спијам со брачен пар кога имав 11 години

Кристина Бебин со години била сведок на проституција, насилство и егзорцизам. Таа била заробена во озлогласениот култ „Божји деца“ во кој се злоупотребувале млади девојки, принудувајќи ги да имаат сексуални односи со возрасни и да бараат нови членови кои би се приклучиле на култот. Пред неколку години, Кристина ја сподели својата приказна со светската јавноста…

Кристина истакна дека таа и нејзините браќа и сестри биле принудени да одат на улица да питачат. Секој разговор со надворешниот свет им бил забранет. Децата се претварале во роботи. Не им било дозволено да плачат, а ако не се насмевнат, ги тепале.

Ѕвездите како што се актерката Роуз МекГован, гитаристот на „Флитвуд Мек“ Џереми Спенсер и членовите на актерското семејство Феникс успеале да избегаат од овој култ, но Кристина ја немала таа среќа.

Ни велеа дека сексот е добра работа и дека треба да уживаме. Бев многу збунета што не уживав во тоа. Не можев да разберам зошто не беше неверојатно како што ми рекоа дека ќе биде“, тогаш раскажа Кристина.

Поминале 11 години, за време на кои таа била силувана двапати – пред да успее да го напушти култот кој броел илјадници членови ширум светот. Кристина сега е мајка на четири деца и пред неколку години за првпат прозборе за својата тажна приказна, по 20 години страдање во култот.

Кристина била бебе, а нејзиниот брат имал две години кога нивната мајка влегла во култот, кој имал од 3 до 20 семејства во секоја комуна. Кога наполнила 8 години, тие ја запознале со „Законот на љубовта“, кој им овозможува на мажите да спијат со кого сакаат. Жените и девојките постари од 10 години биле примамувани со „техниката“ на сексуалниот култ наречен „флертување“.

Кристина одела на улица да питачи, гледајќи ги другите деца како слободно си играат надвор. Нејзиниот живот бил програмиран. Се будела во седум наутро за молитва, потоа одела да питачи, по што се враќала во куќата и се грижела за помалите деца. Тие имале еден час на ден за вежби, но без груби игри бидејќи култот не можел да си дозволи да ги откријат во болницата доколку некој се повреди.

Кога имала 11 години била принудена да спие со еден брачен пар. И сега се сеќава на грчевите во стомакот што ги чувствувала додека ги следела во спалната соба и моментот кога вратата се затворила зад неа. Таа знаела што се очекува од неа.

 

Тоа било само вовед во животот во педофилскиот култ „Божји деца“, во кој возрасните можеле да спијат со деца и жени. Семејствата на култот живееле одделно. Децата биле сами во група и им било кажано дека сите возрасни се нивни родители. Кристина со своето семејство се селеле од една во друга комуна, сведочејќи на застрашувачкото насилство на некои членови на култот. Наместо приказни пред спиење, таа ги слушала за претстојната апокалипса.

Видов како претепаа едно момче кое се намурти наместо да се насмевне и друго кое го турнаа низ хартиена бариера во Јапонија, бидејќи плачеше. Можевме да плачеме само кога добивавме казна. Веднаш потоа моравме да престанеме. Бевме обучени да бидеме емотивни роботи, секогаш среќни и насмеани… Не смеевме да си играме или да читаме книги, а единствениот филм што ни беше дозволено да го гледаме беше „Моите песни, моите соништа“, бидејќи децата од семејството Фон Треп секогаш беа среќни“, изјави тогаш Кристина.

Се плашев и уринирав во кревет, но тоа го криев затоа што се сметаше за демонска опсесија и тие можеа да го извадат демонот од мене со тепање“, додаде таа.

Кога имала 12 години, таа и нејзиниот постар брат биле испратени во камп во Јапонија на еден месец, но тие останале таму две години. Таму била принудена да ја чита Библијата со часовида ги повторува заклетвите на култот и да поминува низ строг режим на вежби. Ја испраќале во неколку комуни и била силувана двапати.

Кулот привлекуваше отпадници од општеството, наркомани и ментално вознемирени луѓе. Луѓето постојано ги менуваа своите имиња за да останат анонимни“, вели Кристина, додавајќи дека биле изолирани од светот и дека постојано им зборувале дека останатите луѓе живеат погрешно, а тие живеат правилно.

На 15-годишна возраст, таа била испратена во камп во Манила на Филипините, каде егзорцизмите и насилствата во јавноста биле вообичаена појава.

Само што пристигнав ме одведоа во самица и ме прашаа дали имам световни мисли. Признав дека слушам музика додека се молам и дека имам кожна јакна. Ми замерија и ми ја запалија јакната“, раскажа Кристина, додавајќи дека нејзиниот брат поминал два месеци во самица затоа што признал дека пушел и читал книги.

Во средината на 80-тите години, култот го сменил името во „Семејство“, а водачот Дејвид Берг се повлекол и испратил упатства со писма и фотографии на кои децата имаат секс со возрасни. Тој избегал во 1993 година, а починал една година подоцна, на 74-годишна возраст.

Се обиде да им каже на своите следбеници да престанат да спијат со малолетници поради истрагата, но педофилниот секс продолжи затоа што припадниците на култот не гледаа на тоа како на грев“, објасни Кристина.

Се случиле масовни апсења во 130 комуни, но многу жртви не биле во можност да ги именуваат своите злоставувачи. Кристина била ослободена кога имала 20 години, а нејзиниот иден сопруг го запознала во една комуна во Луизијана. Кога останала бремена, таа и нејзиниот сопруг одбиле да го предадат детето на култот и собрале храброст да побегнат.

Кристина вели дека не ја обвинува својата мајка и се труди да го остави минатото зад себе.

Сè што чувствувам за култот е жалење. Тие мораат да живеат со она што го направија додека јас можам да продолжам со мојот живот. Имам четири прекрасни деца и благодарна сум за секој ден што живеам слободно“, тогаш посочи таа.

Слични објави

Тронот на Монако може да го преземе сестрата на принцот Алберт: Неговиот татко се сомневаше во него! 

еспресо

(Видео) Андрија Милошевиќ на уникатен начин го прокоментира разводот на Драгана Мирковиќ: А што е со неа, дали е здрава?

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ гордо го покажа скапиот прстен што го доби од Драган и објасни како го добива она што го сака

К. А.

(Видео) Прекинат концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука, пејачката веднаш реагираше

Еспресо

Се нижат смешни коментари за разводите на Драгана Мирковиќ и на Харис Џиновиќ: „Зорица и Кемиш ни се последна надеж“

еспресо

Змијанац го коментира разводот на Харис Џиновиќ: „Не знам зошто сите полудеа, разводот е зло“

еспресо
Се вчитува....