32.8 C
Скопје
17:20 - 9 септември, 2026

ВИДЕО+ФОТО: И 40 години по смртта, Џон Ленон живее во сеќавањата

На денешен ден, пред 40 години, светот остана без еден од најдобрите и најпопуларни пејачи – Џон Ленон.

Profimedia

Околу 22.50 пред њујоршкиот хотел „Дакота“, одекнале пет истрели. Четири смртно го раниле, а по 25 минути во болницата „Рузвелт“ Џон Ленон и официјално бил прогласен за мртов.

Profimedia

Пиштолот на убиецот Марк Дејвид Чепмен и книгата „Ловец во житото“ која ја држел во рацете, паднале на земјата, а според реченицата која убиецот тогаш ја изговорил, „Само што го застрелав Џон Ленон“ („I just shot John Lennon“), групата „Кренберис“ наслови една песна.

Profimedia

На сослушувањето годинава Чепмен ги прераскажал случувањата од 8 декември 1980 година, кога добил автограм од Ленон, а го убил неколку часа подоцна. Рекол дека се борел со одлуката дали да го убие или не, со оглед на тоа што Ленон бил љубезен кон него.

Ленон почнал да се занимава со музика уште кога имал 12 години, а пет години подоцна, кога патувал кон британскиот град Вултон, се запознал со Пол Макартни, кој станал гитарист во неговиот бенд. Во 1960 година е основан бендот „Битлси“, кој во наредните десет години достигна огромна слава и популарност.

Јоко Оно и Џон Ленон за „Венити фер“, 1981 година.

Ленон беше во брак со Синтија Пауел, со која го доби синот Џулијан, а во 1966 година ја запозна неговата втора сопруга Јоко Оно, со која десет години подоцна го доби синот Шон.

Брачниот пар Ленон заедно снимија албум, учествуваа во против-воените простести и приредуваа настани во име на мирот. По распадот на „Битлси“ во 1970 година, Џон Ленон и Јоко Оно се преселија во САД, каде што Џон продолжи да се занимава со музика, но и да организира мировни протести.

Во продолжение да се потсетиме на неговиот најголем хит од соло кариерата, нумерата „Imagine“.

Слични објави

Како да знаете дали сте претерале? Висок крвен притисок, главоболка и тахикардија се јавуваат при висок внес на кофеин

Еспресо

(Фото) Цеца по неколку години повторно влезе во вилата на Кипар: Луксузниот имот го купила на кредит, а сега покажа како изгледа

Еспресо

(Фото) Каролина ќе биде наследничка на Маја Оџаклиевска: познатиот битолски музичар сподели важна приказна

Еспресо

Карлеуша и Тошиќ „солено“ ќе го платат школувањето на Атина во Милано – купуваат и луксузен стан

Еспресо

Лесен е за приготвување и воопшто не е скап – Колач со диња и вишни

Т.Ц.

Драган Којиќ Кеба дозна дека ќе стане дедо, неговата реакција е урнебесна

E.A.
Се вчитува....