13:33 - 1 април, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) АНДРЕА ПРИСТИГНА ВО ТОРИНО: Нашата евровизиска претставничка уморна од подготовките „падна“ во длабок сон!

Андреа Коевска, нашата претставничка на овогодинешниот избор на песна за Евровизија пристигна во Торино.

Пејачката пред самотото полетување, како и за време на летот објави неколку интересни видеа, а на едното од нив и покажа колку багаж има понесено со неа, како и тоа дека при пакувањето ослабела 10 килограми, веројатно од стрес да не заборави нешто. Андреа од самиот почеток е посветена на секоја детаљ посветен на нејзиниот настап и претставување, со цел се да изгледа беспрекорно во секој поглед и најдобро да ја претстави нашата земја, како музички така и физички.

Покрај тоа што е врвен вокал и има одлична песна која веруваме дека ќе ни донесе висок пласман, за Андреа слободно можеме да кажеме дека е една од претставничките која има совршено дефинирано тело и фит изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea (@andreamusic20)


Веднаш по пристигнувањето Андреа и нејзиниот тим по завршените активности и прошетката низ прекрасниот италински град решија добро да се одморат и наспијат, а со тоа да бидат свежи и подготвени за активностите кои ќе ги очекуваат ова утро.


Како потсетување, годинашното издание на најпопуларниот музички фестивал на европскиот континент, Евровизија ќе се одржи во Торино, Италија. Првото полуфинале ќе се случи на 10 мај, второ полуфинале ќе биде на 12 мај, а финалната вечер ќе се одржи на 14 мај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Andrea (@andreamusic20)


Нашиот евровизиски тим ќе се претстави за време на второто полуфинале. Покрај Андреа, како придружни вокали ќе настапат и младите вокалистки Ана Петановска и Рената Кралевска.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....