19:09 - 3 август, 2026

БИЛА ЗАГЛАВЕНА ВО ДОЛГОВИ, а потоа престанала да ги купува овие три работи и за 8 месеци заштедила 5.000 ЕВРА!

Кумико Лав е сопственичка на блогот „Мама на буџет“ кој е многу популарен, а таа со своите читатели сподели стратегија која и помогнала за осум месеци да заштеди повеќе од 5.000 евра.

Таа вели дека клучот за нејзиниот успех бил првиот чекор, кога седнала, пресметала на што ги троши парите и решила да се откаже од три работи, за почеток. Еве што прво престана да купува:

Нова облека

Кога престанав да купувам облека, автоматски секој месец имав од 200 до 300 евра повеќе на сметката, прво си го забранив тоа, а потоа одредив месечен буџет од 35 евра само за да ги заменам искинатите работи, како што се чорапи или долна облека“, вели таа.

Лав вели дека осум месеци без купување нова гардероба и овозможило да сфати што навистина сака да носи.

Достава на храна

Како новопечена мајка, Камико вели дека немала многу време за готвење, па јаделе храна испорачана од ресторан најмалку пет или шест дена во неделата.

Кога престанала да го прави тоа имала дополнителни 300 евра месечно. Следниот чекор бил внимателно планирање на оброците и намирниците.

„На крајот, од 800 евра месечно трошени за храна, дојдов до само 400“, вели таа.

Брендирани артикли

Храната беше голема ставка во моето трошење, а потоа го направив најважното. Престанав да купувам познати брендови кога е храната во прашање, и почнав да купувам нивни локални варијанти. Сфатив дека сето ова време бев „зависна од производите“. „Купувајќи ја истата храна, но во верзијата што ја нуди локалната самопослуга со нејзиниот потпис, заштедив многу пари“, рече таа.

Лавова наведува дека секој што сака да штеди мора прво да направи две работи. Да го најде своето „зошто“ – причина и мотив да престане да фрла пари и да заштеди одредена сума, како и да води дневник на заштеда во писмена форма за да има увид во сите бројки.

Слични објави

„Извадив маснотии од стомакот и ги ставив во градите“: Најпознатата хрватска тиктокерка конечно откри како ја добила совршената фигура

Еспресо

(Фото) Пет европски бисери што вреди да ги посетите пред да станат прескапи и преполни со туристи

Еспресо

(Фото) Ќе ве разнежни – синчето на Анастасија и Немања Гудељ доби посебен подарок

Еспресо

(Видео) „Ма, каков авокадо тост“: Дуа Липа си јадеше плескавица во Приштина

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ блеска во бикини од Италија, по роденденот на Швајнштајгер: „Слаткото безделничење“

Еспресо

Пудингот од бајат леб е стар англиски десерт што повторно освојува: со боровинки и бело чоколадо станува неодолив летен десерт

Т.Ц.
Се вчитува....