21:27 - 27 ноември, 2026

Ужива во милионите: Сопственикот на „Гранд“ поседува јахти, станови, автомобили и часовници од 50.000 евра!

Директорот на „Гранд“ продукција, Саша Поповиќ (66) од 1 ноември официјално стана пензионер. Но, медиумскиот тајкун воопшто не штеди пари кога е во прашање убавиот живот.

Поповиќ поседува неколку недвижности ширум светот, но и многу други работи.

Покрај недвижности, Саша во изминатите години парите ги вложувал и во скапоцени автомобили, но и јахти. Како што веќе пишуваа медиумите, Поповиќ поседува јахта која е усидрена на Хрватското приморје, а за нејзино одржување троши вроглави суми.

– Воопшто не жалам пари на такви работи, сакам да имам скапи и добри автомобили. А јахтата знам и сам да ја возам и поради тоа решив да ја купам – изјавил Поповиќ во една прилика.

Саша од секогаш бил вљубеник во автомобилите, па така еден од неколкуте што ги поседува, вреди дури 150.000 евра.

Исто така, поседува и луксузен стан во Опатија кој вреди скоро 500.000 евра. Исто така Саша е љубител и на скапа и брендирана облека и акцесорис, па така тој е сопственик на часовник од 50.000 евра.

Саша Поповиќ исто така планира да изгради и луксузен комплекс на Авала во Белград, а неговиот дом на Бежаниска Коса, важи за еден од најскапите во Белград.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.
Се вчитува....