15:33 - 29 ноември, 2026

ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот српски актер Марко Живиќ

марко живиќ

Познатиот српски актер Марко Живиќ почина денеска како последица на коронавирусот во клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“, каде што се лекуваше од вирусот и во понеделникот беше поврзан со апарат за дишење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Živić (@markozivic)

Живиќ беше во болница три недели, пред една недела доби кислород преку маска, сепак, докторите мораа да го интубираат во понеделникот. Дополнителна компликација на неговата здравствена состојба предизвикаа бактериите од дигестивниот тракт. Бидејќи имаше операција за рак на хранопроводот и желудникот пред неколку години, бактериите го влошија неговото целосно здравје. Сепак, се чини дека ситуацијата сериозно се влоши и актерот ја загуби битката со овој опасен вирус.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marko Živić (@markozivic)

Актерството го заврши во 1995 година на Академијата за уметности во Нови Сад во класата на професорот Раде Марковиќ. Работеше во театар и филм. Тој беше во постојана екипа во театарот „Теразије“ и е постојан член на „Драмскиот театар“ во Белград, каде што играше во претставите „Кога тиквите цветаа“, „Не се клади на Енглези“, „Лет над кукавичкото гнездо“…

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....