13:39 - 1 април, 2026

ТАП 011 во оригинален состав настапи на белградскиот „Beer Fest“: Публиката целосно откачи (ВИДЕО)

Гоца Тржан, Ивана Петерс, Ѓорѓе Пајовиќ, Милан Бојаниќ и Петар Ступар во 90-тите беа познати како ТАП 011 и важеа за една од најпопуларните балкански групи.

Составот се менуваше неколкупати во текот на годините, но дефинитивно остануваат најзапаметени кога на тројцата рапери од бендот Тапири им се придружија двата моќни женски вокала, Гоца Тржан и Ивана Петерс.

Двете пејачки потоа ги продолжија кариерите во сосема поинаква насока. Гоца има богата соло-кариера, а Ивана формираше свој рок-бенд, Негатив.

Сепак, останаа омилени меѓу балканската публика, особено со песните „Sta to bese mozak“, „Okreni broj 95“, „Lazi me“… Во 2011 година се собраа еднаш во оригиналниот состав и настапија во Белградската арена на 1 април. Нивните обожаватели мислеа дека тоа е нивни последен заеднички настап, но на годинашниот Фестивал на пивото во Белград тие повторно се собраа на големо воодушевување на публиката.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....