11.8 C
Скопје
06:29 - 8 мај, 2024

ФОТО| Був скриен во природна новогодишна елка: Запознајте го Рокфелер!

Instagram

Работниците кои поставија новогодишно дрво во центарот Рокфелер, оваа недела открија минијатурен був скриен во неговата крошна, кој патувал заедно со дрвото до Њујорк цели три дена, минувајќи 270 километри.

Малата птица, на која и го дале името Рокфелер е возрасен маж од вид минијатурен був.

Instagram
Instagram

Рокфелер од долгиот пат бил дехидриран и гладен, но без повреди, изјави менаџерот на центарот за диви животни во Равенсберд, Елен Калис.

Птицата била донесена во засолниште во Согертис, Њујорк, по укажаниот ветеринарен преглед.

Instagram
Instagram

На птицата и било дадена потребната количина храна и вода за да се опорави од истоштеноста и прегладнетоста, а центарот планира да го ослободи Рокфелер викендов откако ќе го добие соодветниот третман.

Норвешка смрека висока 23 метри била доставена од Ононта во Њујорк во саботата. Социјалните медиуми не ја дочекаа елката со ентузијазам поради лошата крошна, а некои заклучија дека нејзиниот тажен изглед соодветно го означува крајот на годината, која беше особено тешка година и треба да се заборави што е можно побрзо.

Слични објави

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Велики петок: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики четврток: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо

Велика среда: Што (не)треба да се прави на овој ден

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо
Се вчитува....