07:10 - 8 ноември, 2026

Со месеци се тврди дека таа е новата девојка на Бред Пит, а актерката сега конечно раскажа за нивниот однос

Веќе неколку месеци кружат гласини дека холивудската легенда Бред Пит е во врска со колешката Алија Шокат, а сега таа реши да открие каков е навистина нивниот однос.

Американската актерка и уметница Алија Шокат (31) конечно ја отвори душата и проговори за односот со холивудскиот актер Бред Пит, со кого ја поврзуваат во последите неколку месеци.

Алија неодамна во интервју за „Vulture” признала дали е во врска со Пит.

„Не сме пар, ние сме само пријатели”, открила актерката и додала дека не ѝ се допаѓа тоа што постојано е следена од страна на папараци.

профимедиа

„Сето ова ми е премногу. Имам чувство како да стојам гола во училишен ходник и сите гледаат во мене”.

Шокат истакнала и дека се дружела со Бред Пит и за време на карантинот, но помеѓу нив нема ништо друго освен пријателство и не развиле никакви емоции во љубовна смисла.

instagram

Извор близок до нив рекол дека Бред и Алија често се дружат бидејќи живеат близу еден до друг, како и дека се запознале преку заеднички пријател и веднаш се зближиле како пријатели.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....