12:20 - 29 ноември, 2026

Си кажаа сешто: Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ се испокараа! (ФОТО)

Пејачките, членки на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Јелена Карлеуша и Марија Шерифовиќ често знаат да се „закачат“ и да си кажат сè што им лежи на душа, една на друга.

Овој пат, победничката на Евровизија прва ја прозва „скандал дамата“, нарекувајќи ја асоцијално ѓубре! Марија ја прекори својата пријателка и колешка од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ дека е неодговорна, односно  дека ретко одговара на телефонските повици.

– Јелена се јавува, само за итни и смртни случаи. За три месеци, се слушнавме едвај три или четири пати, бидејќи таа е асоцијално ѓубре – рече Марија, која ја опсипа својата колешка со „комплименти“.

Се разбира, Јелена не и остана должна:

View this post on Instagram

???

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar) on

– Тоа е мојот рекорд во комуникацијата со луѓето. Не мислам дека сум асоцијална, туку сум аутистична за тие работи. Никој не сака да се дружи со мене. Марија има обиди, но мислам дека и таа наскоро ќе се откаже. Јас не сум во групата членови на жирито на Вибер затоа што ја немам ниту таа, ниту апликацијата Ватс ап“, објасни Јелена, па и таа и забележа нешто на својата колешка:

– А, Марија не ми честиташе за големиот успех што го постигнав со онлајн концертот, кој го следеа неколку стотици илјади луѓе. Јас неа секогаш умеам да ја пофалам, таа не ме пофали. Исто така, знам јавно да ја пофалам преку телефон, додека таа не се одважи ниту да ми испрати приватна порака. Обожавам како пее и ја фалам со чисто срце и полна уста затоа што не сум суетна како неа“, и возврати Карлеуша.

Слични објави

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.
Се вчитува....