21.8 C
Скопје
18:00 - 24 април, 2024

Што е ЦРНА МЕСЕЧИНА и што му носи на секој хороскопски знак?

Црната месечина во Девица овој месец ќе се случи на 30 август, а со себе ќе донесе низа промени во животите на секој хороскопски знак.

Некои ќе ја пронајдат сродната душа, а оние кои се веќе во брак, ќе почнат со планирање на заедничката иднина.

Црна месечина во астрологијата е кога во ист месец вторпат се појавува млада месечина. Ваквиот ден секогаш носи поволности за промени на позитивно, особено кога се во прашање организацијата и плановите.

ОВЕН: Време за организација

Црната месечина ќе има позитивно влијание врз работата на Овните. Ќе бидат организирани и ќе сменат некои навики. Можеби ќе добијат и шанса за промена на работното место. Посветете се и на психолошкото здравје.

БИК: Останете со ладна глава

Во овој период чувствувате притисок да бидете што посовршени. Успешно ќе го организирате времето и ќе се прилагодите на ситуацијата. Ви следува и нова љубовна романса, но оние кои се во врска треба да се чуваат од конфликти.

БЛИЗНАЦИ: Засилена тензија

Ќе имате расправии со партнерот поради избрзани постапки од двете страни. Но, подобро е да се смирите, па потоа да разговарате. Има многу промени во вашиот живот, а на вас е да останете приземни.

РАК: Ново пријателство

Многу ќе се дружите и ќе запознавате луѓе кои ќе ви бидат од корист и во приватниот живот и на работа. Поминувајте повеќе време во природа, за да можете полесно да се изборите со стресот. Внимавајте на кажаните зборови.

ЛАВ: Подобри финансии

Многу Лавови ќе разгледуваат различни прилики кога се во прашање парите. Ќе направат и важни потези кои секако ќе бидат исплатливи. Можен е и неочекуван прилив на пари, но и заслужувате да бидете наградени за работата.

ДЕВИЦА: Бидете доследни на себе

Имате доволно самодоверба да застанете зад своите идеи. Малку сте и несигурни, особено кога е во прашање вашето минато. Излезете и претставете се во најдобро светло. Фокусирајте се на среќата и доброто здравје.

ВАГА: Љубовта е околу вас

Шансите да ја пронајдете љубовта се многу големи и тоа баш онаква за каква сте сонувале отсекогаш. Ќе се чувствувате комфорно со секоја своја одлука, а духовно ќе се воздигнете на едно сосема ново ниво.

СКОРПИЈА: Љубов на прв поглед

Осамените Скорпии ќе запознаат личност по која во истиот миг ќе изгубат глава. Ќе запознаат и нови пријатели. Црната месечина носи поволен период за склопување трајни односи од каков и да е тип.

СТРЕЛЕЦ: Големи промени на работа

Црната месечина носи големи промени во животот на Стрелците, особено на професионално поле. Ќе имате шанса да добиете една битка која одамна ја водите. Задржете го оптимизмот, повеќе од потребен ви е.

ЈАРЕЦ: Сите нешта доаѓаат на своето

Ќе запознаете личност со која ќе основате несекојдневно пријателство. Таа ќе зазема голем дел од вашето секојдневие, но не се вљубувајте. Ќе научите и нови вештини кои ќе ви бидат потребни на работното место.

ВОДОЛИЈА: Ќе бидете најдобра верзија на себе

Овој период погодно ќе влијае врз Водолиите и ќе ги охрабри да го променат севкупниот животен стил на подобро. Ќе спортувате, ќе се храните поздраво, но и ќе имате добар прилив на пари.

РИБИ: Ве чекаат убави вести

Црната месечина ќе ви донесе личност поради која срцето забрзано ќе ви чука. На работа може да дојде до многу подобар договор, а со тоа и подобра плата. На вас е да бидете практични, реални и приземјени.

Слични објави

(Фото) „Доста ми е веќе, ќе полудам“: Се огласи Џина Џиновиќ од велелепната вила, покажа што ја мачи

Еспресо

(Фото) Тргна пеш за Грција: Никола Роквиќ откри колку пари собрал за три дена

Еспресо

Октриени детали за смртта на водителката Бојана Јанковиќ: Познатиот глумец со потресни зборови

еспресо

Јована Јеремиќ со бизарна изјава: И мртва планирам да доминирам, ќе бидам култна како Мерилин Монро

Еспресо

(Фото) Сопругата на Дарко Лазиќ по веста за бременоста објави слика во хеланки и гол стомак

Еспресо

Инцидент на снимањето на новиот филм на Еди Марфи, повредени неколку членови на екипата

еспресо
Се вчитува....