07:52 - 9 ноември, 2026

Шерон Стоун бара партнер преку апликација за запознавање!

Профилот на актерката бил блокиран, бидејќи многумина мислеле дека е лажен.

Апликацијата за пронаоѓање на партнер Bumble е исклучително популарна, статистиката кажува дека е втора најпопуларна во Америка со 5 милиони месечни корисници. Поинаква е од останатите по тоа што само жените можат да го направат првиот чекор и да ги контактираат мажите, никако обратно. Токму на таа апликација, свој профил отворила и актерката Шерон Стоун.

Не траело долго, профилот набрзо и бил блокиран и тоа затоа што другите корисници се пожалиле дека тоа е лажен профил. Всушност, не верувале дека Шерон Стоун би тргнала во потрага по партнер преку интернет апликација. Таа тоа го објавила на својот твитер-профил каде напишала дека ѝ е блокиран профилот, бидејќи некои корисници се пожалиле дека нема шанси тоа да е актерката. „Немој да ме исфрлите од групата“, навела на крајот од пораката.

Одговорот кој го добила гласел „Сакаме да го одржиме Bumble како сигурен, што значи дека мораме да примениме одредени правила кога ќе процениме дека сме загрозени. Вашиот профил е блокиран, бидејќи приметивме дека неколку корирсници го пријавиле како лажен“.

Шерон Стоун (61) беше 6 години во брак со уредникот на магазин, Фил Бронстеин, а се разведоа во 2004 година.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....