22:49 - 7 ноември, 2026

Северина повторно на суд: „Кај мене е сѐ по старо, исто ср*ње“

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ ни овој 8 Март не го дочекува мирно, судејќи по објавите на нејзиниот инстаграм-профил.

Имено, пејачката неодамна го врати старателството над синот Александар, но како што самата наведува битката е далеку од завршена.

За ова таа денеска напиша на својот профил.

„Инаку, кај мене е по старо. Исто ср*ње, мислам на ситуацијата… Малку посета на судовите, малку на институциите кои треба да го заштитат детето и мене. Треба.

Сѐ е исто како во минатите 11 години. Нови пријави, веќе не ги бројам, одговори на истите прашања по илјадити пат.

Она кога треба да си фин и сконцентриран… Она кога насилникот продолжува со злоупотребата преку институции. И пак никому ништо. Стисни заби и издржи. А, кај вас што има? Како е?“, ги праша Северина своите следбеници.

Таа потсети и дека утре на повеќе локации низ Хрватска ќе се организираат осмомартовски прошетки, таканаречени маршеви. На еден од нив ќе биде и Северина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....